АКО СЕКОГАШ ГО КОРИСТИТЕ ИСТИОТ ШАМПОН, ПОСЛЕ НЕКОЕ ВРЕМЕ НЕМА ДА ДЕЛУВА?!?!?

mit 1Не мора често да ги менувате шампоните за да имате чиста и убава коса. Но, ако сте почнале да ја фарбате косата или применувате повеќе третмани со топлина (фенирање, исправување, виткање) добро е да почнете со шампони и кондиционери и маски кои ќе и ја вратат изгубената влажност на косата, вели Mirmirani. Во друг случај користете си го омилениот колку што сакате.
Најбитно е да го изберете вистинскиот шампон за Вашата коса, тенка или цврста, зависно од состојбата на скалпот: масен, перут, осетлив. Зависно од фреквенцијата на миење на косата исто така треба да внимавате на изборот на шампон. Благи шампони за секојдневно миење се императив. Шампоните на база на растителни екстракти со нежна формула исто така се препорачливи повеќе отколку агресивни шампони. Добар шампон не треба да има SLS, SLES, парабени, диметикон и други силикони. Само квалитетен шампон и производи може да одржат здрав хидролипиден слој на кожата на главата, кој е предулсов за здрав скалп и здрава коса