АНДРОГЕНА АЛОПЕЦИЈА – ЖЕНИ

 

Како и кај мажи, така и кај жени фреквенцијата и сериозноста на АГА (наследно опаѓање) се зголемува со годините. Две студии кај жени од белата раса во САД и Англија покажаа преваленција на проблемот кај 3-6% од жените под 30 години, а дури 30-42% кај жени до 70 години.

Има неколку студии за генетската основа на АГА кај жени.. Smith and Wells објавија фреквенција на женската наследна ќелавост со инциденца од 54% кај машки роднини од прв степен на возраст повеќе од 30 години и 21% кај женски роднини од прв степен на возраст повеќе од 30 години. Возможно е раниот и доцниот почеток на женската ќелавост да се генетски одделни ентитети. Улогата на андрогените кај женската АГА е помалку сигурна отколку кај мажите, и други фактори можат да бидат инволвирани. Улогата на анд
рогените хормони кај жени не е потполно објаснета, иако губењето на косата кај жени е неспорно поврзано со зголемено ниво на андрогени. Меѓутоа, многу жени со андрогена алопеција немаат зголемено ниво на циркулирачки андрогени, иако се покажало дека имаат зголемено ниво на 5-алфа редуктаза (ензим кој го претвора тестостеронот во дихидротестостерон), повеќе андрогени рецептори и пониско ниво на цитохром П450 (кој го претвора тестостеронот во естроген).

kosa
femalePattern-150x150

Повеќето жени со андрогена алопеција имаат нормална менструација, нормална плодност и нормална ендокрина функција, вклучувајќи и нормално ниво на андрогени. Лабораториски испитувања на хормони се потребни кога има други знаци на зголемени машки хормони. Може да се испитаат и тироидни хормони, серумско железо и крвна слика за да се исклучат како фактори на опаѓање.

Женската АГА има три различни шеми на дистрибуција:

  • Дифузно ослабнување на круната со зачувување на фронталната линија. Има две скали кои ја опишуваат оваа шема: 3-стадиуми Ludwig скала и 5-стадиуми Sinclair скала
  • Ослабнување и проширување на централниот дел од скалпот со прекршување на фронталната линија: Olsen скала: шема на елка
  • Ослабнување со битемпорална рецесија: Hamilton–Norwood тип

Но, ослабнување на париеталниот и окципиталниот регион со дифузна алопеција исто така клинички се сретнува.