ПРАШАЊЕ ОД ПАЦИЕНТ :
Имам 27 години и косата ми опаѓа, имаме наследно опаѓање кај членови во фамилија но тоа им се случувало во подоцнежните години. Кај мене пред 3-4 години се јави интензивно опаѓањето на косата, кое сега не е толку изразено ама косата веќе е проретчена. Работам многу напорно, неправилно се хранам и сум под голем стрес.

ОДГОВОР:
Нашите како и светските анализи покажуваат дека губењето на косата се појавува на сè помлада возраст. Најголем број од нашите пациенти, за жал се на возраст меѓу 20 и 30 години. Наследната компонента укажува на тоа дека вие имате предиспозиција да ја губите косата.

Но, стилот на живот, здравствената состојба, хормоналниот статус, начинот на исхрана, негата на косата детерминираат во кој момент ќе се манифестира опаѓањето на косата. Личностите кои имаат динамично темпо на живот, како што и вие споменавте , не се хранат правилно.

Освен нередовниот ритам на исхрана обично квалитетот на храната е компромитиран, затоа што претежно прибегнувате кон брза храна. Таквата храна нема доволно нутритиенти, како протеини, витамини и минерали, кои се неопходни за косата. Исто така и стресот делува на опаѓањето на косата. Но, косата не опаѓа од краткотраен стрес. Косата опаѓа кога имате стрес кој влијае на комплетниот ритам на вашиот живот, значи не спиете добро, не јадете добро , се покачуваат нивоата на хормоните на стрес. Кај вас веројатно станува збор за акутен ефлувиум на кој се надоврзала наследна ќелавост.

Со трихолошка анализа на косата и скалпот за да се установат промените на косата, состојбата на фоликулите, типот на скалп може точно да се утврди која форма на опаѓање ја имате и колку последици оставила по косата, како и кои се можностите за раст. Поради наследната предиспозиција вие мора да се грижите добро за здравјето на вашата коса. Нормален ритам на живот, квалитетна исхрана богата со протеини, витамини од Б група, витамини А, Д, Ц , минерали цинк, селен, железо се неопходни. Дополнително локален третман на косата со адекватни тоници , дополнет со ласерска биостимулација епотребен за да се подобри функцијата на фоликулите и да се врати густината и квалитетот на косата.

Posted by hcare_admin
No Comments

Додека уживате во продолжениот викенд, на песочните плажи под летното сонце или се одморате дома, искористете дел од слободното време за разубавување на вашата коса.

Leonor Greyl маслото за коса е совршен бленд за заштита и репарирање на оштетената коса. Формулата содржи растителни масла кои ја омекнуваат и расплеткуваат косата а истовремено го хидрираат, негуваат и штитат влакното.
Богата со аминокиселини, протеини и хербални масла кои ја зголемуваат еластичноста на косата, деликатнатa кондиционирачка Masque fleurs de Jasmin помага во негување, регенерирање и расплеткување на сите типови коса, дури и најсувата коса.
Перфектна за да и даде на Вашата коса инстантна убавина, овозможувајќи и да добие сјај, мекост и структура.

Posted by hcare_admin
No Comments

leonorВисок процент од козметичките препарати кои ги користием се апсорбираат преку кожата во нашето тело. Традиционалните или синтетички производи за коса содржат состојки како што се парабени кои можат да го нарушат нормалниот хормонален статус на организмот и да предизвикаат рак. Други состојки пак како сулфатите предизвикуваат алергија. Иако хемиските и синтетички можат да ви дадат сјај и мекост на косата, сепак не се добри за долгорочно користење.

Овие производи предизвикуваат алергии, сушење на скалпот и на влакното и косата станува кршлива и предиспонирана за натамошно оштетување.

Органските производи за коса се без алрегени, без парабени, без сулфати и канцерогени состојки. Органските производи за коса не само што обезбедуваат инстантно кондиционирање и реструктуирање на косата, туку овозможуваат и полесно стилизирање на косата. А особено е значајно што долгорочно влијаат на здравјето на вашата коса и скалп.

Органските производи за коса кои содржат пр. Прополис на сосем природен начин го спречуваат создавање на перут и го намалуваат воспалението и чешањето а при тоа не предизвикуваат никакви алергиски реакции. Органските производи кои содржат Манкети масло имаат неверојатна хидратантна моќ и длабиски го ревитализираат влакното враќајќи му го сјајот и еластичноста.

Органските производи за коса обезбедуваат здравје на вашата коса а при тоа го одржуваат сјајот и убавината.

Posted by hcare_admin
No Comments

malininНе само што се вкусни, туку поседуваат бројни нутритивни бенефити поради кои се одлични за целокупното здравје.
Богати се со витамини, растителни влакна и содржат фито-хемиски состојки кои делуваат како антиоксиданси.

Изобилуваат со витамини од Б група. Па затоа се есенцијални за комплетна убавина и нега на косата, почнувајќи од намалување на опаѓањето преку намалување на седите влакна па до подобро здравје на косата.

Содржат фолни киселини кои се брилијантни за стимулација на растот на косата.

Биотинот пак кој обилно го содржат малините е витален за косата и дава преубав сјај .
Витаминот Ц во негов состав е од бенефит за одржувањето на здравјето на скалпот.

Posted by hcare_admin
No Comments

Со производите за обликување од линијата на Leonor Greyl за нега на косата, познатиот стилист Christian Marc супериорно ја стилизираше долгата брановидна фризура со сончеви рефлексии за магазинот ELLE DK.
Обликувајте ја и вие својата коса со Leonor Greyl производите.

Posted by hcare_admin
No Comments

pacientПРАШАЊЕ ОД ПАЦИЕНТ :
Имам само 23 години а опаѓање на косата трае веќе неколку години. Залистоците се многу подлабоки од порано а почнува малку да ми се проретчува и предниот дел од косата. Во мојата фамилија и татко ми и дедо ми имаат и длабоки залистоци и проретчување на темениот дел. Кај мене темето не е проретчено ама залистоците многу ми сметаат. Дали трансплантација на коса во залистоците би го решил мојот проблем или постои и некој друг метод?

ОДГОВОР ОД ДОКТОР-ТРИХОЛОГ :
Првата фаза во манифестацијата на наследната ќелавост е продлабочување на залистоците. Многу често формирањето на залистоците напредува многу брзо, со целосна атрофија на фоликулите на влакното. Тоа што забележувате и проретчување во фронталниот дел е знак дека губењето на косата продолжува. Затоа во вашиот случај најбитно е да се фокусираме примарно на стопирање на натамошното губење на косата. Откако ќе обезбедиме стабилизација на опаѓањето можеме да се посветиме на планирање на втората фаза на третманот која се однесува на враќање на изгубената коса.

Со трихолошка анализа на косата може да се установи степенот на проретчување, состојбата на фоликулите и можностите за раст на косата. Ако фоликулите во залистоците имаат сеуште задоволителна функција, тогаш со стимулативни методи со 101 тоници и ласерски третмани може да се постигне раст на косата и згуснување и спуштање на залистоците. Поради тоа што сте млад , а кожата е во добра состојба и реагирате на време може да се постигнат одлични резултати.

Но ако трихолошката анализа покаже трајно оштетување на фоликулите и нивна атрофија, што не е вообичаено за ваша возраст, тогаш не можеме да очекуваме нивна повторна активација со било кој метод. Во таков случај трансплантацијата може да дојде во предвид за постигнување задоволителни резултати. Во Вашиот случај е особено значајно трансплантацијата да се изведе со современата ФУЕ техника и да се овозможи адекватно покривање на фронталната зона за долгорочни резултати.
Но со оглед на вашите години трансплантацијата никако не би ја препорачала као прв избор.
Кај вас приоритет е контрола на натамошното опаѓање на косата и препорака се стимулативни третмани за раст на косата.

Posted by hcare_admin
No Comments

водаНашето тело содржи 70% вода а нашите клетките имаат потреба од вода за да ја извршат секоја своја функција. Водата исто така ги елиминира токсините од телото.
Затоа водата е есенцијална состојка и значи живот.
Косата е составена од 5% вода и 95% протеини. Водата ги хидрира клетките па и вашата коса не е исклучок.

За да ја одржите убавината на вашата коса, и за да вашата коса биде мека и нежна, мора да пиете доволно вода. Водата ќе ја одржува вашата коса жива и полна волумен.
Но водата исто така помага и на спречување на опаѓањето на косата.
Доволна количина вода во текот на денот ќе ви помогне да изгледате одлично, а вашата коса да биде здрава и сјајна.

Posted by hcare_admin
No Comments

shaampoo2Како што се приближува летото, секоја жена ја освежува фризурата со новите техники на осветлување на прамени.
Но исто така не заборавајте да ја негувате својата хемиски третирана коса.

Најнежните природни состојки се интегрирани во специјална формула на
Shampooing reviviscence да го вратат сјајот и структурата на дехидрираната коса. Amaranth екстрактот богат со шеќери и витамини Б и Ц хидрираат и кондиционираат влакното, а аминокиселините од Sea lavender ja враќаат влажноста на влакното и го спречуваат статичкиот електрицитет. Благодарение на комбинацијата од овие две состојки, шампонот ја обновува хидролипидната бариера на влакното со што го обезбедува враќањето на интегритетот на кутикулата на влакното.

Shampooing reviviscence е вистински шампон за рехабилитација на вашата коса.

Posted by hcare_admin
No Comments

kreatinКреатин монохидрат се користи често од страна на спортистите како суплемент кој влијае на тоа како мускулите ја искористуваат енергијата. Употребата на креатин во суплементарна форма се асоцира и со позитивни и со негативни нус ефекти кои зависат од земената количината и времетраењето на консумирањето. Губењето на косата се поврзува со земање на огромни количини креатин.

Креатинот е природна аминокиселина (составна единица на протеините) кој се среќава во месото и рибата но иста така се произведува и од страна на човечкото тело во црниот дроб, панкреасот и бубрезите. Креатинот е одговорен за правилни телесните функции на мусклулно и клеточно ниво. Според Универзитетот Maryland, креатинот помага во подобрување на спортската изведба како и во третманот на состојби како срцеви болести, мускуларна дистрофија, Паркинсонова болест и Хронична опструктивна белодробна болест.

Но независно од овие негови бенефити, сепак новите информации покажуваат дека на растот на косата влијае негативно и дури може да предизвика губење на косата. Студиите според Clinical Journal of Sports Medicine, покажаа дека креатинот ги покажува нивоата на дихидротестостерон во вашето тело. А ДХТ е главниот причинител за опаѓање на косата, кој врзувајќи се за рецепторите на коренот на влакното дава сигнали кои го спречуваат нормалниот циклус на раст на косата.

Сепак, за појава на негативни ефекти врз вашето здравје и вашата коса, значајна е количината на креатин која ја земате и времетраењето на користењето. Повеќето студии не покажуваат значајни нус ефекти од креатинот ако не го земате подолго од 6 месеци. Креатинот од природни извори се смета дека помага во одржувањето на нивото без негативни нус ефекти.

Со оглед на новите информации кои ги добиваме од клиничките студии оваа година, докторките –трихолози од 101 Hair клиниката препорачуваат внимателно и контролирано користење на креатинот особено младите со прерано губење на косата.

Posted by hcare_admin
No Comments

masen perutМасниот перут на скалпот е упорен, тешко се лечи, а симптомите се неподносливи.
Чешањето, постојаното чувство на иритација, белите лушпи го гардероба се неподносливи за секој пациент. Понекогаш со цел да го решат проблемот со масниот перут пациентите применуваат некои домашно припремени маски кои дополнително го влошуваат проблемот. Во надеж дека новиот шампон ќе помогне, постојано пробуваат шампони кои често се неадекватни и предизвикуваат ново влошување на симптомите.

После кратка трихолошка анализа на скалпот, нашите докторки-трихолози можат брзо и едноставно да ја откријат причината за упорниот перут. А пред се брзо и едноставно да ви го решат проблемот. Адекватни третмани за чистење на скалпот, соодветни шампони и тоници ,правилни навики на хигиена и исхрана засекогаш ќе го отстранат упорниот масен перут.
Само еден третман во 101 Hair Clinic понекогаш е доволен за да инстантно се отстрани масниот перут, а понатаму да се превенира неговото настанување со адекватни производи.

Posted by hcare_admin
No Comments

ВРАТЕТЕ ГО СЈАЈОТ НА СУВАТА КОСАsjaj na kosa

ПРАШАЊЕ ОД ПАЦИЕНТ :
Косата ми е сува и искршена, ја фарбам секој месец, само после фризер ми изгледа како нова, дома кога ќе ја измијам повторно се враќа во оштетена состојба. Сакам да си го вратам стариот изглед на косата со сјај.

ОДГОВОР :
Производите за коса базирани на силикон, кои најчесто ги користат фризерите, навистина даваат извонреден сјај на косата. Но за жал тоа е само *шминка * за косата и е привремено. Како што забележувате и вие, трае до следното миење на косата. Силиконот од производите за коса создава обвивка на влакното која го штити и дава сјај, но не го негува и храни влакното. Косата која хемиски и термички се третира, значи фарбање, фенирање, бланширање итн. бара посебна нега, затоа што хидрогенот од фарбите и топлинските апарати го дехидрираат влакнотот. Косата станува сува, крта и кршлива. Решението е влакното длабински да се хидрира со производи и техники кои можат тоа да го обезбедат. Само природни производи со хербални екстракти и билни масла можат да го постигнат тоа. Уште повеќе спа третман на косата е идеален затоа што ултразвучен стим од нано водени молекули ќе продрат подлабоко во кутикулата на влакното враќајќи му ја хидратацијата, еластичноста и сјајот. Само здравата и правилно негувана коса е квалитетна и атрактивна.

Posted by hcare_admin
No Comments

karolina kurkovaЗа егзотичната серија снимки ” L’Avventuriera”, објавени во последното издание на ELLE Италија, стилистот Bryce Scarlett ја обликуваше косата на Karolina Kurkova во “фризура од дивината” со производите за нега на коса на Leonor Greyl!

Posted by hcare_admin
No Comments

detoksСалата од марула е типична за овој период за годината а нејзините бенефити за косата и кожата се бројни.

Марулата е богат извор на витамин А кој е неопходен за клеточната регенерација па последователно за ревитализација на косата и кожата. Содржината на калиум овозможува снабдување со нутритиенти и кислород преку подобрување на циркулацијата што резултира во здрава и сјајна коса.
А витаминот Е и Ц пак помагаат во подмладувањето на кожата и скалпот. Витаминот Е дополнително е значаен за заштита од ултравиолетовите зраци. Исто така помага во детоксикација на организмот.

И секако оваа богата содржина на витамини и минерали помага и во стимулација на растот на косата.

Posted by hcare_admin
No Comments

revitalizacijaИдеална комбинација за враќање на енергијата и виталноста на вашата коса на преодот на сезоната е пакетот за ревитализација кој содржи : масло за стимулација на фоликулот на влакното Régénérescence naturelle, шампон од мед за реструктуирање на влакното Shampooing au Miel, маска од јасмин за длабинска хидратација Masque Fleurs de Jasmin и тоник за ревитализација на скалпот Tonique vivifiant.

Дајте и доза енергија на вашата коса и вратете и го сјајот и квалитетот за новата сезона !

Posted by hcare_admin
No Comments

Здрава коса полна со волумен дефинитивно е најдобар моден додаток.
За оптимален волумен на косата, неопходен е адекватен шампон.
Шампон од мед , Shampooing au Miel, Leonor Greyl, е идеален избор за кратка коса. Специјалниот мед acacia во негов состав ја враќа виталноста на косата, сјајот и волуменот.
Шампонот со алги, Bain volumateur aux algue. Leonor Greyl, е наменет ѕа волумен на тенка и долга коса. Го олеснува расчешлувањето а при тоа го враќа волуменот на косата и формата на фризурата.

 

Posted by hcare_admin
No Comments

bananiБананите се вкусно , нутритивно овошје кое ни е достапно во текот на целата година. Природните шеќери во нејзин состав моментално се трансформираат во енергија, поради што се одличен составен дел од доручекот.
Исто така богатството од витамини А, Ц, Д и Е, како и калиум, цинк, железо и манган, ги право многу здрави за нашиот организам.

Еден од бројните бенефити на бананите е и нивното влијание на убавината и здравјето на нашата коса.
Благодарение на високата содржина на калиум, природни масла, јаглехидрати и витамини, бананите ја спречуваат кршливоста на косата , ја омекнуваат структурата и ја одржуваат еластичноста на влакнотот. Последователно косата изгледа цврста и сјајна. Освен тоа го поттикнуваат растот на косата и го контролираат перутот.

Независно дали бананите ќе бидат составен дел од вашиот доручек или состојки на вашиот шампон, помагаат за убавината на вашата коса.

Posted by hcare_admin
No Comments

ovaa proletОвошјето и зеленчукот се одлични додатоци во вашиот режим на исхрана кој го подобрува растот на косата.

Краставиците имаат многу малку калории а се богати со растителни влакна. Според World Health Food “ Краставиците се значаен извор на конвенционални антиоксиданси вклучително витамин Ц, бета каротен и манган“. Исто така имаат и висока содржина на витамин К. Бројни се нивните бенефити за косата, кожата и очите.

Краставиците содржат голема количина на витамин А, Ц и силициум кои го промовираат растот на косата. Особено делува на зајакнување на косата. Состојките како сулфур, фосфор и калциум се неопходни за раст и квалитет на косата.

Затоа салата со краставици ставете ја на вaшето мени оваа сезона.

Posted by hcare_admin
No Comments
Page 1 of 9123456789