БОГАТСТВО ЗА КОСА ОД ОСТРИГИТЕ

Иако бисерните остриги се богатство од бисери, остригите за јадење се вистинско богатство за косата. Богати со цинк, калциум, железо и протеини, се силно нутритиентни а се вистински деликатес.

ostrigi
Минералот цинк е неопходен за растот и обновувањето на ткивата, а тоа вклучува и раст и обновување на косата. Исто така влијае лојните жлезди околу коренот на влакното да функционираат нормално. Ниски нивоа на цинк во организмот можат да придонесат за опаѓање на косата, бавен раст на косата и појава на перут.
Обично количината на цинк која ја примате со храната богата со цинк – како остриги, ракчиња, црн дроб, безмасен јогурт, житарици и сирење- е доволна за да се задоволат дневните потреби до цинк а со тоа и убавината на косата. Не препорачуваме да земате суплементи цинк, затоа што вишокот цинк пак може да ја намали способноста на телото да апсорбира бакар, кој е минорен но есенцијален минерал за телото и косата.

Затоа додека уживате на одмор на море искористете ги бенефитите и од сонцето, морската вода и песочните плажи но и од богата морска храна.