БОГАТСТВО ОД АНТИОКСИДАНСИ ЗА КОСАТА ОД ЦРВЕНО ЈАБОЛКО

БОГАТСТВО ОД АНТИОКСИДАНСИ ЗА КОСАТА ОД ЦРВЕНО ЈАБОЛКО

Јаболките, независно дали се црвени, зелени, жолти или розе се богати со многу витамини, антиоксиданси, растителни влакна и други нутритиенти. Освен што се одличен извор на енергија, ова овално овошје е многу добро за вашата кожа, коса и севкупното здравје секако.

Црвениот делишес се најбогати со антиоксидански, а жолтиот делишес и јонаголд имаат висока содржина на кверцетин.
Јаболките содржат неколку витамини кои го промовираат здравјето на косата.
Витаминот Е ја поттикнува циркулацијата на крвта, забрзувајќи го растот на косата. Витаминот Б-6 продуцира меланин за добра боја на косата и превенира прерано стареење и побелување на влакното.
Јаболките, освен витамини содржат и минерали како магнезиум, натриум, калциум и бакар. Овие минерали помагаат во намалување на губењето на косата и одржување здрав скалп. Исто така содржат процијанид, природна состојка која го поттикнува растот на косата.

Затоа јадете едно јаболко дневно за здрава и сјајна коса!