БОРОВНИЦА ЗА ПОМАЛКУ СТРЕС, А ПOДОБАР РАСТ НА КОСАТА

borovinkiЕгзотичните овошја доаѓаат и одминуваат од мода но боровницата останува нутритивен *суперхерој* кога станува збор за втитаминот Ц.
Витаминот Ц е неопходен за циркулацијата на скалпот и ги подржува тенките крвни садови кои го исхрануваат фоликулот. Премалку витамин Ц во вашата исхрана може да доведе до кршливост на косата.
Боровинките се исто така добар извор на витамин А и Б комплекс, а се богати со растителни влакна и антиоксиданси.

Б комплескот е значаен за подобрување на растот на косата. Помага во растот на косата преку подобрување на оксигенацијата и циркулацијара на крвта во скалпот.
Боровницата исто така го намалува стресот и холестеролот кои негативно влијаат на косата.
Го стимулира растот на косата преку антоцијанидините. Тие состојки го забрзуваат растот на косата преку директно дејство на фоликулите.
Исто така е докажано дека го забавуваат процесот на стареење на косата.
Конзумирајте свежа боровница и искористете ги сите нејзини бенефити за растот на косата!