ВИКЕНД МАСАЖА ЗА ПОГУСТА КОСА

Сакајте ја вашата коса и скалп за викенд и посветете им малку внимание. masaza

За погуста коса и добар волумен масирајте го вашиот скалп преку викенд кога имате повеќе слободно време. Масажата на скалпот ја поттикнува циркулацијата на крвта и ги стимулира фоликулите што дава и подобар квалитет и подoбар број на влакна.

Почнете со нормалната рутина на шампонирање во сабота вечер и нежно масирајте го скалпот со прсти околу 30 секунди. Не ја тријте косата, туку со притисок масирајте од предниот кон задниот дел на главата.
Ако ја миете косата секој ден повторете го истотo и недела вечер и секој пат кога сте во можност.
А за максимален волумен на косата користете и шампон од мед за мажи или шампон со екстракти од алги за жени.