ВИКЕНД СО LEONOR GREYL

Додека уживате во продолжениот викенд, на песочните плажи под летното сонце или се одморате дома, искористете дел од слободното време за разубавување на вашата коса.

Leonor Greyl маслото за коса е совршен бленд за заштита и репарирање на оштетената коса. Формулата содржи растителни масла кои ја омекнуваат и расплеткуваат косата а истовремено го хидрираат, негуваат и штитат влакното.
Богата со аминокиселини, протеини и хербални масла кои ја зголемуваат еластичноста на косата, деликатнатa кондиционирачка Masque fleurs de Jasmin помага во негување, регенерирање и расплеткување на сите типови коса, дури и најсувата коса.
Перфектна за да и даде на Вашата коса инстантна убавина, овозможувајќи и да добие сјај, мекост и структура.