*ВИТАМИНОТ НА СОНЦЕТО* НЕОПХОДЕН ЗА РАСТ НА КОСАТА

sonceПознат како *витамин на сонцето*, витаминот Д е неопходен за здрава и цврста коса.

Најголем дел од витаминот Д нашето тело го продуцира кога сме изложени на сонце. Според Harvard Medical School, недостатокот од витамин Д порано беше ретка појава затоа што луѓето беа повеќе изложени на сонце. Но во денешно време, најголем дел од работата се насочи кон затворен канцелариски простор што го намалува изложувањето на сонце. Витаминот Д може да се прима и преку храна. Витаминот Д е многу битен нутритиент и неговиот недостаток може да води кон многу здравствени проблеми. Меѓу нив и потенцијално губење на коса.

Витаминот Д се сретнува во здравите фоликули на влакното. Има исто така рецептори на витамин Д во фоликулите. Многу различни процеси се инволвирани во формирањето на ново влакно од фоликулот и витаминот Д игра битна улога. Студиите покажаа дека инхибирањето на рецепторите на витаминот Д можат да предизвикаат губење на косата. Витаминот Д е исто така прекурсор во циклусот на раст на влакното. Тој делува на кератиноцитите да го иницираат циклусот на раст на влакното и да стимулира раст на косата.
Затоа уживајте во сонцето и покачете го нивото на витамин Д во телото !