ГЕЛ БЕЗ АЛКОХОЛ Е ИДЕАЛЕН ЗА ЗДРАВА КОСА И ДОБРА ФРИЗУРА

orlandoНезависно кој е вашиот стил на фризура, потребни се производи кои ќе направат косата и фризурата да изгледаат совршени. Еден од омилените производи на мажите за обликување на косата е гелот.

И познатиот Пират од Карибите, Orlando Bloom е љубител на добра фризура и љубител на Leonor Greyl производите за косата. За да ја обликува својата тенка коса го преферира гелот со кератин од машката линија на Leonor Greyl производи.

Овој гел за разлика од другите има формула која не содржи алкохол, па затоа не ја суши косата и не создава перут. Исто така обезбедува ефект на волумен кај тенката коса, и ја подигнува косата од корен. И не се плашете дека косата ќе ја изгубите од користење гел. Но, гелот кој содржи алкохол ја прави косата сува,крта и кршлива, а скалпот го дехидрира и предизвикува појава на перут, што последователно може да даде привремено опаѓање на косата. Затоа изберете правилен производ ако сакате и здрава коса и добра фризура.