ГУБЕЊЕ НА КОСАТА КАЈ МЛАДИ МАЖИ

mladiСе намалува возраста на која мажите почнуваат да ја губат косата и се зголемува бројот на мажите со проблем со ќелавење. Ќелавењето станува се почест проблем кај помладите генерации отколку порано покажуваат последните статистики. И резултатите покажуваат експоненцијален раст на ќелавењето кај мажи меѓу 21 и 30-тата година. Поранешниот цензус беше дека 2/3 од мажите би имале одреден степен на губење на косата додека ја достигнат 40-тата,но поновите статистики укажуваат дека проблемот е попревалентен кај помлада возраст.

Ќелавоста вообичаено се смета за состојба која се јавува кај повозрасни мажи но покажува и голема преваленција кај малди мажи во последните години.Понекогаш дури кај момчиња од 15 години може да се забележат знаци на ослабнување на косата или формирање на залистоци.Но, како што се посуштински се проучуваат причините за опаѓање на косата, се појавуваат и се повеќе научни методи младите да ја задржат својата коса.

Машката ќелавост е најчестата форма на губење на косата но е вообичаено поврзана со средовечни мажи. Факт е, меѓутоа, дека никој не оќелавел преку ноќ. Како што е сигурно дека 1/3 од мажите ќе изгубат добар дел од косата до нивната 50-та,сигурно е дека и опаѓањето на косата мора да почне во одреден момент.Машката ќелавост е наследна,но не може секогаш да се повикате на вашиот татко или дедо за тоа како ќе се развива вашето ќелавење. Има индикации дека губењето на косата се појавува повеќе кај млади лица и постојат повеќе можни причини за тоа.

Едно од објаснувањата е многу очигледно! Во деншниот свет опседнат со високи естетски критериуми за изглед и мас медиумите кои ја контролираат сликата на идеален маж можно е многу мажи да почнат порано да ги забележуваат знаците на губење на косата отклолу во минатите години и споредбено со постарите генерации.
Продлабочувањто на залистоците е релативно нормално за мажи во раните 20-ти , но заедно со ослабнување на косата во слепоочниот предел се добива изглед на *високо чело*. Ова е времето кога најголем број мажи почнуваат да се загрижуваат за своите залистоци. Исто така тогаш може да забележат зголемено опаѓање на косата при чешлање или миење на косата, нешто што поранешните помалку опседнати со изглед генерации можеби го пропуштиле.

Но исто така има бројни животни и опкружувачки фактори кои се сметаат дека придонесуваат за порано отпочнување на опаѓањето на косата кај мажи, а стресот меѓу нив како водечки фактор. Годините во тек на образовниот процес и работниот живот се оптеретени со промени и понекогаш притисокот од студиите, барањето работа-особено во тековната економска состојба-отселувањето од дома со придружните финансиски потешкотии, се доволни да го зголемат нивото на стрес кај секого преку нормалните граници.
Не мора да имате целосен слом за да вашето тело ви сигнализира дека не може да се спарви со притисокот.
Стресот е често школски пример за фактор кој може да предизвика почеток на манифестирање на машката наследна ќелавост.

Одредени други животни избори исто така се претпоставува дека играат битна улога во развојот на ќелавењето кај млади мажи, како што е пушењето.Хемикалиите и канцерогените супстанци во цигарите се смета дека го забавуваат растот на косата што води до ослабнување на косата и може да резултира во значајно губење на косата ако не се пресретне.

Лесните *рекреативни*дроги исто така имаат потенцијал да предизвикаат губење на косата бидејќи прават *шок* на организмот. Користењето на дроги е поврзано и со намалена нутриција и ослабено здравје, што значи привремено или трајно губење на косата како можна несакана последица.
Има многу причини за привремено губење на косата кај млади мажи во денешното општество, но ако причинителот се пресретне и отстрани растот на косата ќе се нормализира. Многу од овие фактори може да бидат *иницијална каписла* за машката наследна ќелавост и на едно привремено опаѓање на косата да се надоврзе манифестирање на трајно проретчување на косата.

Но, исто така, поголем е и бројот на млади мажи кои бараат решение за нивниот проблем поради бројните можности и ефективни методи кои постојат за третирање на губењето на косата за разлика од нивните татковци и дедовци кои ги немале истите опции. Денес се користат најсовремени научни методи во борба против губењето на косата започнувајки од методод на Д-р Крег, Д-р Жао, Д-р Милинијак и сл. Станува збор за методи кои се научно докажани како ефикасни и ефективно а особено во почетните фази на губење на косата кога и степенот на ефикасност е најголем.