ДАЛИ КОСАТА ОПАЃА ПОРАДИ КОРИСТЕЊЕ ГЕЛ ЗА КОСА?

ДАЛИ КОСАТА ОПАЃА ПОРАДИ КОРИСТЕЊЕ ГЕЛ ЗА КОСА?

Геловите за коса овозможуваат стилизирање на фризура која понекогаш пркоси и на гравитацијата.
Содржат вештачка супстанца ПВП која е потребна за да се обликува косата. Полимерот од ПВП растворен во вода или алкохол формира цврст филм на влакното и помага во обликување на косата.

Иако е често верувањето дека геловите за коса се причина за опаѓање на косата, сепак не е целосно точно.
Гелот директно не доведува до опаѓање на косата, но ја прави вашата коса сува, груба и склона на кинење. Како последица на тоа се зголемува бројот на скршени влакна што може да остави впечаток на зголемено опаѓање на косата.
Причината за кршливост на косата се состојките на гелот. Обично гелот содржи многу хемикалии кои можат да ја оштетат не само косата туку и кожата на главата, што најчесто се манифестира со перут и иритација.

Нашите докторки-трихолози од 101 Hair Clinic советуваат да не го користите гелот за коса редовно. Ако го користтите повремено, тогаш не е толку штетен. Но секојдневното користење допринесува до оштетување на влакното и косата станува крта, груба што може да доведе и до зголемено опаѓање на косата. Сепак ако е прифатливо користењето на гел тогаш треба да се сведе на минимум. Уште една компонента која може да предизвика оштетување на косата е алкохолот во гелот. Алкохолот ја суши косата и оштетува па препорачуваме гел без алкохол.