ДАЛИ ФАРБИТЕ ЈА ОШТЕТУВААТ КОСАТА И СКАЛПОТ?

ДАЛИ ФАРБИТЕ ЈА ОШТЕТУВААТ КОСАТА И СКАЛПОТ?

Секојдневно, сите ние ја оптеретуваме косата со бројни хемикалии кои е одобрени да се користат во козметичките производи за коса, вклучително и хидроген пероксид и амонијак кои можат да се најдат во фарбите за коса.

Најголем број од фарбите за коса и секако бланшот содржат хидроген пероксид, моќна хемикалија која се користи за да се осветли косата. Се користи во концентрација од 3, 6, 9 и 12%. Хидрогенот делува на осветлување на косата преку разградување на пигментот на косата, меланинот, во самото влакно. Фреквентно користење ја ослабнува косата и води до екстремно оштетување и кршливост на косата. Освен последиците по влакното хемикалиите може да предизвикаат и иритација, црвенило и чешање на скалпот. Американското биро за лекови објави дека прекумерно користење на хидроген и амонијак ја истенчуваат косата и ја иритираат кожата на главата. Амонијакот се покажа дека освен кожни проблеми предизвикува респираторни проблеми.

Вашиот фризер може многу да ви помогне во изборот на адекватна фарба и заштита при фарбање па благовремено ќе спречите оштетување.
Ако пак веќе ги приметувате овие промени во квалитетот, структурата и густината на косата тогаш побарајте совет и преглед кај докторите специјалисти за проблеми со коса.
После трихолошка анализа, докторите – трихолози од 101 Hair Clinic ќе ви дадат план на терапија за да на најбрз и најефективен начин го вратите здравјето и убавината на својата коса.