ДАЈТЕ И ВИКЕНД ТРЕТМАН НА КОСАТА

spaПослаб изглед секогаш звучи убаво, освен кога станува збор за косата.
Но ослабнувањето на косата е дел од процесот на стареење. Нашите фоликули се намалуваат како резултат на наследни фактори и хормонални промени, што предизвикува косата да расте се послаба и потенка. Овие промени обично почнуваат во вашите 40-ти години, но стресот може да предизвика да се јават порано. Ако сте забележале дека косата станува се понежна тогаш вашиот тајминг е совршен.

Нови третмани и паметни стратегии можат да го успорат истенчувањето на косата и да го подобрат растот на косата. Ако нашите доктори-трихолози установат со трихолошката анализа дека знаците на ослабнување се само почетни, тогаш само третман на одржување на растот е доволен за да ја зачувате убавината и здравјето на вашата коса.
Regenerescence Naturelle на Leonor Greyl е комбинација од масла кои го чистат скалот, ја поттикнуваат циркулацијата и го подржуваат растот на косата. Нанесете го барем 15 минути пред миење на косата и вашата коса ќе ја поврати виталноста и сјајот за почетокот на работната недела.