ДЕТОКСИКАЦИЈА ЗА ЗДРАВ СКАЛП

detoksСалата од марула е типична за овој период за годината а нејзините бенефити за косата и кожата се бројни.

Марулата е богат извор на витамин А кој е неопходен за клеточната регенерација па последователно за ревитализација на косата и кожата. Содржината на калиум овозможува снабдување со нутритиенти и кислород преку подобрување на циркулацијата што резултира во здрава и сјајна коса.
А витаминот Е и Ц пак помагаат во подмладувањето на кожата и скалпот. Витаминот Е дополнително е значаен за заштита од ултравиолетовите зраци. Исто така помага во детоксикација на организмот.

И секако оваа богата содржина на витамини и минерали помага и во стимулација на растот на косата.