ТРЕТМАН ЗА ДЕТОКСИФИКАЦИЈА НА КОСА И СКАЛП

             detoksikacija         1069-SP-plaza1-e1411011401474

Терапијата со нанопареа е длабински кондиционирачки третман кој веднаш ја подобрува состојбата на скалпот и косата. Водените наночестици со големина од само 0.26 нм пенетрираат во фоликулот на влакното и во самото стебло на влакното. Ултразвучните вибрации ја оптимизираат пенетрацијата. Водените наночестици продираат низ кутикулата на влакното отстранувајќи го депонираниот силикон и хемикалии од косата од една страна и хидрирајќи и потхранувајќи го влакното од друга страна. И различни активните супстанци за третман може да се трансформираат во наночестици и да го дополнат и подобрат ефектот на водените честици, со што подобро се репарираат оштетувањата на косата.

Се подобрува еластичноста на косата, која е битна особина на здравата коса. Ако влакното нема еластичност, лесно се кине и брзо се оштетува. Се подобрува изгледот на кутикулата на влакното, поради враќањето на нејзината влажност.

Хидрираната кутикула и дава на косата сјај, мазност, волумен. Органските кондиционирачки супстанци кои можат на овој начин да се аплицираат длабински и ја враќаат омплетната убавина и здравје на косата.