ПРАШАЊА ОД ПАЦИЕНТИ

tiroidnaДИСБАЛАНС НА ТИРОИДНИТЕ ХОРМОНИ ДАВА ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

Прашање од пациентка : Имам проблеми со тироидната жлезда и косата нагло почна да ми опаѓа. Навистина сум уплашена за мојата коса и сакам да ја задржам затоа што почна да ми се проретчува. Дали можете да ми помогнете?

Проблемите со тироидна жлезда се една од најчестите прилини за опаѓање на косата кај жени. Особено намалената функција на тироидната жлезда дава изразено опаѓање на косата, поради пореметување на циклусот на раст на влакното.
Неопходно е да се третира примарниот проблем, значи да се прима терапија за тироидната жлезда во координација со ендокринолог. Но понекогаш и самите лекови даваат опаѓање на косата како спореден ефект. Сепак мора да се прима терапијата а проблемот со косата да се регулира локално, значи со адекватни производи локално на скалпот. Затоа што тироидниот дисбаланс трае долго време и последиците по косата може да бидат долгорочни. Се јавува првично дифузно истенчување, значи ослабнување на целата коса, а функцијата на коренот значително ослабнува. Понатаму настапува и трајно губење на косата. Освен губењето на косата, жените со проблеми со тироидна имаат и изразена сувост и кршливост на косата, па е потребна интензивна нега на косата. Значи , проблемот со тиродината желзда е комплексен за решавање сам по себе па врзано со него и проблемот со косата.

Неколкумесечен третман со 101 тоници за стопирање на опаѓањето и стимулација на растот на косата е неопходен. Ласерска биостимуалација дава уште побрзи и подобри резултати и косата може целосно да се поврати ако треманот е навремен.