ДИЊАТА Е ПОВЕЌЕ ОД ЛЕТЕН ДЕСЕРТ

dinjaЗдравата и убава коса во огромна мера го подобрува вашиот изглед. Исто како и остатокот од телото и здравјето на косата зависи од нутритиентите кои ги обезбедуваме за растот на нашите фоликули. Конзумирањето овошја богати со витамини и минерали можат да го поттикнат растот на косата и да спречат проблеми со косата.

Дињата нуди бенефити на косата на следниве начини:
• Го поттикнува растот на косата
Дињите се богат извор на бета каротен кој во телото се трансформира во витамин А. Овој витамин е исклучително значаен за здрава коса и нормален раст на косата. Витаминот А е неопходен за сјајна,добро хидрирана коса како и за здрав скалп.
• Спречува опаѓање на косата
Недостаток од витамини Б е исто така одговорен за губење на косата. Дињите се богати со Б витамини како фолна киселина, и со иноситол кои го спречуваат опаѓањето и промовираат раст на косата. Фолната киселина всушност им помага на вашите клетки и ткива да растат, што значи дека помага во растот и на фоликулот на влакното.