ДОБАР ПЛАН НА ТРЕТМАН КОМПЛЕТНО ГО КОНТРОЛИРА СЕБОРЕИЧНИОТ ДЕРМАТИТ

ДОБАР ПЛАН НА ТРЕТМАН КОМПЛЕТНО ГО КОНТРОЛИРА СЕБОРЕИЧНИОТ ДЕРМАТИТ

Во услови на влошена здравствена состојба, пад на имунитетот, неадекватна исхрана, стрес, зголемена влажност итн. знаците на себореичен дерматит можат да се влошат.
Кај пациентот себореичниот дерматит беше под контрола со години. И се одржуваше само со сауна третмани на чистење скалпот на еден до два месеци.
После оперативен зафат на синусите, себореичниот дерматит се јави со полна клиничка слика. Масен интензивен перут, изразено чешање, опаѓање на косата и чувство на непријатност на скалпот.

Веднаш почнавме со сауна третман на скалпот и макроскопскиот дел од перутот беше исчистен со еден третман. За отстранување на микроскопските зачепувања во длабочина на фоликулот докторките –трихолози препорачаа 101 тоник кој длабински ќе продре и ќе ги исчисти порите. Шампонот остана нормален за почесто миење на косата, без потреба да се вклучи медицински шампон за перут. За еден месец себореичниот дерматит е ставен под контрола.

Резултатите се стабилни и одржувањето е повторно со месецни сауна третмани.