ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА И ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВОШКИТЕ КОИ БИ ТРЕБАЛО ДА ГИ ЗНАЕТЕ

kidsad

Прочитајте кои дополнителни мерки за заштита и отстранување на вошките би требало да ги знаете
За да првично се спречи *фаќањето* вошки, децата секако треба да избегнуваат глава-со глава контакт или да делат предмети за лична употреба со оние кои имаат вошки. Ова вклучува:

• Одбегнување глава-со глава контакт со лицата со вошки. Косата на девојчињата е препорачливо да биде соберена.

• Да не се дели облека, капи, кациги, чешли или крпи со заразеното лице. Ова е особено вообичаено во училиштата,
камповите, за време на спортски активности и детски забави.

• Да не се легнува на кревет, перница или тепих користен од заразеното лице.

Дополнително, би требало темелно да го исчистите Вашиот дом и личните предмети кои веројатно биле изложени на вошки. Ова ги вклучува следните мерки:

• Машински исперете ги постелнините, капите, јакните, шаловите, плишаните играчки и слично во топла вода до 60 степени Целзиусови, а потоа исушете во сушара на висока температура најмалку 20 минути.

• Предметите кои не се перат машински треба да се се однесат на хемиско перење и да се затворат во пластична кеса и да се држат така 2 недели ( во тој период сите вошки ако заостанат ќе изумрат )

• Потопете ги чешлите и четките во многу топла вода

• Темелно исчистете ја собата на детето и зоните каде си игра,вклучително подот и намештајот со правосмукалка

• Вошките имаат потреба да се хранат секојдневно и не можат да живеат далеку од човекот.

Со превземање на гореневедените мерки ќе ја намалите можноста за ре-инфестација со вошки, кои можат привремено да се лоцирани на некој предемт од домаќинството и чекаат да се фатат на нечија коса.