ДРЕВЕН РЕЦЕПТ ЗА ЗДРАВА КОСА И СКАЛП

recept
Од дамнешни времиња, чаевите биле асоцирано со многу медицински бенефити. И додека овој пијалок е достапен во разни вкусови насекаде во светот, една врста која ни *лежи на срце* е чајот од лимон и ѓумбир.

Повеќе од 2000 години, лимонот и ѓумбирот се дел од медицинската пракса. Освен што ја поттикнуваат циркулацијата на крвта во телото, исто така го забрзуваат и метаболизмот. И жумбирот и лимонот се популарни состојки во многу напитоци, и тоа со добри причини.

За многу особи , проблемот со косата е многу битен факт во животот. Независно дали имате чешање на скалпот, опаѓање на косата или појава на залистоци, влијанието е силно психолошко, понекогаш водејќи и до депресија. Затоа,преземете превентивни чекори пред да биде доцна. За особи кои имаат проблем со губење на косата се препорачува храна богата со витамини,како витамин А и Ц. Тие помагаат во борба против продукцијата на ДХТ во Вашиот скалп,што последователно стимулира раст на коса. Бидејќи чајот од лимон и ѓумбри е преполн со витамини и антиоксиданси, ќе си помогнете во спрешување на проблемот со косата лесно и на природен начин.