ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ СВЕТСКИ ДЕРМАТОЛОЗИ ВО КЛИНИКАТА ЗА ПРОБЛЕМИ СО КОСА И СКАЛП 101 HAIR CLINIC

dr xyД-р Xu Deying, дерматолог-научник, со преку 35 годишно работно искуство во областа на дерматологијата со субспецијалност за проблеми со коса, еден од основачите на најстарата научна институција во светот за истражување на проблеми со коса – НЦИРК, најблизок соработник на Д-р Zhao, е веќе дел од стручниот медицински тим на Центарот за проблеми со коса 101 HAIR CARE.

Д-р Xu Deying е добитник на 8 меѓународни научни признанија и награди при Медицинските универзитети во Њу Јорк, Женева, Токио, Пекинг, Брисел. Таа е автор на медицинските книги “Научни методи за дијагностицирање на проблеми со коса” и “Психолошките фактори како причина за опаѓање на косата”.

Д-р Xu Deying е добитник на наградата за најдобар дерматолог од страна на Меѓународната асоцијација на дерматолози со седиште во Пекинг.

Нејзиното богато работно искуство опфаќа:

-30 години научно-истражувачка работа во врска со дијагностицирање и третирање на проблеми со скалпот и косата.

-главен научник-дерматолог во спроведувањето на клиничка научна студија за Андрогена алопеција (наследно губење на косата), реализирана при Клиниката за дерматологија, Државен медицински центар во Пекинг.

-главен научник-дерматолог во спроведувањето на клиничка научна студија за Алопеција ареата и други форми на автоимуни заблувања на косата, резлизирана во Австралија.

-главен научник-дерматолог во спроведувањето на клиничка студија за Себореичен дерматитис, Фоликулитис и други габични инфекции на скалпот резлизирана во Саудиска Арабија.

Д-р Xu Deying во своето долгогодишно работно искуство неколкукратно учествувала на студиски престои и размена на искуства на врвни дерматолошки универзитетски центри во Германија, Нов Зеланд, Австралија, Америка, Велика Британија и Јапонија. Автор е на преу 100 научни трудови за проблеми со косата и методи за ефикасно решавање на проблемите со коса. Нејзините научни трудови се објавени во рецензирани медицински списанија.