ЕСЕНЦИЈАЛНА СОСТОЈКА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ОПАЃАЊЕТО НА КОСАТА

Сlenемето од лен е извор на есенцијални масни киселини кои стимулираат раст на здрава коса. Есенцијални се затоа што нашето тело не ги произведува а му се секојдневно потребни. Есенцијални се за здрава коса и кожа.

Алфа линолеичната киселина (АЛК) го инхибира ензимот 5 алфа редуктаза кој го трансформира тестостеронот во дихидротестостерон ( ДХТ). ДХТ е всушност хормонот кој придонесува за развојот на машката и женската наследна ќелавост. Ги смалува фоликулите на влакното, ја скратува фазата на раст на влакното и последоватлено доведува до губење на косата.
Исто така АЛК е значајна и кај телогениот ефлувиум, опаѓање на косата врзано со стрес. Суплементирањето со омега-3 масни киселини, меѓу кои и АЛК може да го намали стресот и ефектите на стресот врз нашето тело според University of Maryland Medical Center.

Затоа додадете една или две лажички масло од семе од лен во салата или во напиток за да го подржите растот на убава и сјајна коса.
Но исто така јадете здраво, затоа што со премногу шеќер, јаглехидрати, пушење и алкохол и кофеин нема да дозволат правилно искористување на лененото масло.