ЕФЕКТИВЕН А БЕЗБЕДЕН ТРЕТМАН НА ВОШЛИВОСТ

ЕФЕКТИВЕН А БЕЗБЕДЕН ТРЕТМАН НА ВОШЛИВОСТ

101 Hair Clinic повикува не само на борба за отстранување на вошливоста туку и на избор на безбеден начин за вашите деца. Не смееме да заборавиме дека децата се многу предисопирани на вошливост но и на ризиците од хемиските третмани наменети да ги убијат вошките. Американската Академија за педијатрија изјави : ” Изложеноста на децата на хемикалии треба да се сведе на најниско ниво” .

“Сите производи и реклами се толку насочени кон третирање на вошките, што се заборава дека во суштина токму тој третман се изведува на нашите деца” предупредува д-р Елена Арсова, трихолог од 101Hair Clinic. Вообичаените шампони содржат високо ниво на хемикалии на кои ги изложуваме децата. Со оглед на фактот дека често настанува реинфестација на детето, децата многу почесто се изложени на пестицидите од шампоните. А уште поголема е загриженоста што вошките станаа отпорни на некои вообичаени пестициди кои се користат во шампоните,па родителите упорно го повторуваат третманот со истите производи. Исто така е установено дека на секои 4-5 години вошките развиваат отпорност и на новите пестициди кои се користат во производите. Затоа трендовите во последните години се да се намали изложеноста на децата на хемикалии и да се одберат алтернативни а успешни методи на третман, како електрични чешли, метални чешли, производи со природни состојки.

Роби електричниот чешел за вошки е омилениот производ и на мајките и на децата.