За нас

Со четири модерни европски клиники лоцирани во Скопје, Белград, Загреб и Истанбул, 101 Hair Clinic е еден од водечките центри против опаѓање на коса и стимулирање на повторен раст на изгубената коса.

Меѓународно едуциран специјалистички тим од трихолози, дерматолози, пластични хирурзи и медицински терапевти ви стојат на располагање во ефикасно решавање на вашиот проблем.

Дигитална дерматоскопија со современ трихилошки софтвер овозможува поставување на правилна и точна дијагноза која е клучна во третирањето на проблемот со опаѓање на косата.

about
about

Третманите кои се користат во нашите клиники се одобрени од страна на Американското биро за контрола на лекови – ФДА како најсовремени,сигурни и единствени ефикасни третмани против опаѓање на косата.

Сите производи кои нашиот медицинки тим ги вклучува во вашата домашна терапија се со научно докажана ефикасност, и се 100% природни и безбедни, без ниту еден негативен ефект по вашето здравје.

Илјадници успешни приказни на наши задоволни пациенти ја сочинуваат најголемата колекција од пред потоа фотографии, кои сведочат за стручноста на нашите доктори и успешноста на нашите третамни и производи во лекување на опаѓањето на косата.

ШТО Е ТОА ШТО НЕ ПРАВИ ВОДЕЧКА МЕЃУНАРОДНА КЛИНИКА ЗА ОПАЃАЊЕ НА КОСА?
  • 101 Hair Clinic се единствените клиники за опаѓање на коса кои на своите пациенти им нудат клинички докажани производи и клинички одобрени третмани. Тоа значи дека нашите пациенти ги добиваат сите потребни препарати и третмани во нашата клиника. Кој препарат е најадекватен за вас односно кој третман би ви бил препорачан зависи од дијагнозата која ќе ја постават нашите доктори специјалисти по извршената трихолошка анализа на вашата коса и скалп.

  • За секој наш пациент се изработува индивидуален план на терапија за да се гарантираат максимални ефекти за раст на косата. Покрај локалната домашна терапија, нашите доктори можат да препорачаат и адекватен клинички третман кој се изведува во нашата клиника а се со цел да се постигнат оптимални резултати.

  • Нашите специјалисти го следат вашиот прогрес во лекувањето секој месец преку бесплатни месечни контроли, за да обезбедат најдобри можни резултати.

  • Доколку се наоѓате во напредната фаза на опаѓање на косата најдобро можно решение би било трансплантација на коса. Трансплантација на коса ја изведуваат врвни пластични хирурзи со долгогодишно искуство – дел од нашиот медицински тим, акредитирани членови на na ISHRS – International Society of Hair Restoration Surgery.

  • На крајот од активниот третман нашите специјалисти ви ѓи презентираат постигнатите резултати преку споредување на вашите фотографии од моментот на започнување на терпијата до вашата последна контрола.

  • 101hair.mk е еден од светски водечките веб страници за опаѓање на коса – ние работиме посветено на секојдневно ажурирање на информациите кои се однесуваат на најнови истражувања, студии, иновации и останати информации поврзани со опаѓањето на косата, можностите за нови ефикасни и ефективни третмани вклучително и можности за навремена превенција на опаѓањето на косата преку најразлични совети и стручни препораки.