ЗА ПОЦВРСТА КОСА ОВАА ПРОЛЕТ

ovaa proletОвошјето и зеленчукот се одлични додатоци во вашиот режим на исхрана кој го подобрува растот на косата.

Краставиците имаат многу малку калории а се богати со растителни влакна. Според World Health Food “ Краставиците се значаен извор на конвенционални антиоксиданси вклучително витамин Ц, бета каротен и манган“. Исто така имаат и висока содржина на витамин К. Бројни се нивните бенефити за косата, кожата и очите.

Краставиците содржат голема количина на витамин А, Ц и силициум кои го промовираат растот на косата. Особено делува на зајакнување на косата. Состојките како сулфур, фосфор и калциум се неопходни за раст и квалитет на косата.

Затоа салата со краставици ставете ја на вaшето мени оваа сезона.