ЗНАЧАЈНО ПОДОБРУВАЊЕ И КАЈ ПОСТОЕЧКА АТРОФИЈА НА ТЕМЕТО

машка2Иако губењето на косата трае околу 10 години, сепак пациентот беше одлучен да ја подобри густината на својата коса.
Поради атрофија на одредени фоликули не може да се добијат максимални ефекти, но постигнатите резултати се задоволителни за овој V стадиум на опаѓање по Norwood-Hamilton класификацијата. Мастењето на косата успешно се изрегулира и покрај тоа што беше силно изразено.

Иако случајот е граничен за да се избере и опцијата трансплантација за добивање максимален резултат, пациентот ја одбра стимулативната терапија која би дала значително подобрување.
Докторките-трихолози применија само 101 локална терапија и успешно го водеа случајотсо крајно задоволително резутати ѕа пациентот.