ЗНАЧЕЊЕТО НА ОМЕГА 3 МАСНИТЕ КИСЕЛИНИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ВАШАТА КОСА

omegaРибиното масло содржи есенцијални омега- 3 масни киселини кои придонесуваат за нормална функцијата на мозокот, раст и развој, како и одржување и поправка на клеточно ниво. Тие ја стимулираат кожата, косата и растот на фоликулите. Омега- 3 масните киселини придонесуваат директно во одржување на интегритетот и пропустливоста на клеточната мембрана, дозволувајќи им на есенцијалните состојки да поминуваат од клетка во клетка.

Омега- 3 масните киселини, исто така, функционираат како моќни антиоксиданси кои го намалуваат деструктивниот ефект што слободните радикали го предизвикуваат на клеточните мембрани, митохондриите – енергетските машини на клетките – и фоликулите. Исто така, омега- 3 масните киселини од рибата ги промовираат анти- воспалителните процеси на имунолошкиот систем, и така ги намалуваат воспаленијата што може да придонесат за губење на косата.

Додека тековните истражувања не индицираат дека рибино масло го спречува губење на косата, меѓутоа укажуваат дека омега- 3 масни киселини го подобруваат здравјето на кожата и скалпот, и ја намалуваат сувоста на скалпот. Медицинскиот центар при Универзитетот во Мериленд сепак советува дека со влучување на антиоксиданси во вашата исхрана и користење на омега- 3 додатоци, како што се рибино масло, помага во превенирање и намалување на симптомите кои се својствени за различни нарушувања кај косата.