ЗОШТО КОСАТА ПОЧНУВА ДА ОПАЃА НА МЛАДА ВОЗРАСТ?

ЗОШТО КОСАТА ПОЧНУВА ДА ОПАЃА НА МЛАДА ВОЗРАСТ?

Ако приметивте многу повеќе коса во лавабото или на четката за коса, може имате проблем со губењето на коса. Иако ризикот за опаѓање на косата се зголемува со текот на годините, тоа не значи дека младите личности не страдаат од овој проблем. Напротив,нашите анализи се поклопуваат и со оние на International Society of Hair Restoration Surgery, и покажуваат дека опаѓање се јавува уште на 15-20 годишна вораст, познато како рано опаѓање на косата. Да ги разгледаме потенцијалните причини кои го зголемуваат ризикот од прерано оќелавување.

ДЕФИНИЦИЈА НА *НОРМАЛНО*

Губите коса секој ден. Нормален број на влакна на главата е 100 000 . Со оваков број на влакна, просечно опаѓање на коса од 100 влакна е речиси незабележливо. Поголемо опаѓање е заблежливо и може да даде проретчување на косата.

ВАШИТЕ ГЕНИ СЕ ВИНОВНИ
За жал, наследноста е главна причина за прерано губење на косата. Ако некој од вашите родители почнал да ја губи косата во младост, постои голема веројатност да се јави и кај вас. Може да забележите појава на залистоци или дифузно истенчувње на косата.

ХОРМОНАЛНИ ПРОМЕНИ
Една од најчестите причини за опаѓање на косата се хормонални промени. Тоа е особено случај со женската наследна ќелавост. Пубертетот може да предизвика привремено екцесивно опаѓање на косата во тек на тинејџерските години. Хормоните во тек на бременост може да стимулираат раст на коса, но се јавува привремено опаѓање после породување. Тоа е резултат на наглото паѓање на нивото на естроген, но често циклусот на раст на коса се нормализира за неколку месеци.

ЛОШИ НАВИКИ ВО НЕГА НА КОСАТА
Начинот на кој ја негувате и обликувате косата може да го диктира растот и долговечноста на вашата коса. Топли апарати, како и често трајно виткање или исправување на косата може да доведе до кршливост на влакното. Вашата коса е под сличен стрес и кога е често влечена наназад во цврта пунџа со еластични ластичиња и шноли. Избегнете премногу чешлање: препорачуваме до 100 чешлања или помалку.

ПОСЕРИОЗНИ ПРИЧИНИ
Анемија, габични инфекции, тироидни проблеми можат да направат проблем со косата. Исто така нутрициски дефициенции, што се релативно чести кај тинејџери и млади адулти. Пореметувања во исхраната,како анорексија но и недостаток на протеини и железо исто можат да бидат причина.