ЗОШТО ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИ ЗА КОСА ?

leonorВисок процент од козметичките препарати кои ги користием се апсорбираат преку кожата во нашето тело. Традиционалните или синтетички производи за коса содржат состојки како што се парабени кои можат да го нарушат нормалниот хормонален статус на организмот и да предизвикаат рак. Други состојки пак како сулфатите предизвикуваат алергија. Иако хемиските и синтетички можат да ви дадат сјај и мекост на косата, сепак не се добри за долгорочно користење.

Овие производи предизвикуваат алергии, сушење на скалпот и на влакното и косата станува кршлива и предиспонирана за натамошно оштетување.

Органските производи за коса се без алрегени, без парабени, без сулфати и канцерогени состојки. Органските производи за коса не само што обезбедуваат инстантно кондиционирање и реструктуирање на косата, туку овозможуваат и полесно стилизирање на косата. А особено е значајно што долгорочно влијаат на здравјето на вашата коса и скалп.

Органските производи за коса кои содржат пр. Прополис на сосем природен начин го спречуваат создавање на перут и го намалуваат воспалението и чешањето а при тоа не предизвикуваат никакви алергиски реакции. Органските производи кои содржат Манкети масло имаат неверојатна хидратантна моќ и длабиски го ревитализираат влакното враќајќи му го сјајот и еластичноста.

Органските производи за коса обезбедуваат здравје на вашата коса а при тоа го одржуваат сјајот и убавината.