ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА КОСАТА!

faktiДиректорот на University of British Columbia Hair Research and Treatment Centre Vancouver Hospital and Health Sciences Centre, д-р Jerry Shapiro , ги сподели со нас овие интересни факти за косата кои ќе ни помогнат подобро да ја запознеме нашата коса.

• Косата е меѓу ткивата со најбрз раст и е веднаш после коскената срцевина по брзината на раст.

• Секојдневно се произведува по 35 метри нишки на влакното, кај просечен возрасен скалп

• Просечниот скалп има 100 000 влакна.Црвенокосите имаат најмалку 80 000 , смеѓите околу 100 000 и русокосите најмногу ,дури 120 000 влакна.

• 90% од косата е во фаза на раст,а 1-% во фаза на мирување

• Нормално е да опаѓаат најмногу по 100 влакна дневно

• За да се забележи проретчување треба да изгубите 50% од Вашата коса.

• Многу медикаменти предизвикуваат опаѓање на косата

• Дисбаланс на тироидните хормони и недостаток од железо се причини за опаѓање на косата,кое е реверзибилно.

• Преку 50% од мажите до 50-тата имаат машка наследна ќелавост.

• 40% од жените додека влезат во менопауза ќе имаат женска наследна ќелавост.