ИНТЕРНЕТ МАГАЗИН РЕПУБЛИКА: Македонската клиника 101 Hair прогласена за најуспешна меѓународна 101 клиника

На годишното собрание на 101 Zhang Guang групацијата во Пекинг, македонскprva slikaата клиника 101 Hair е прогласена за најуспешна меѓународна 101 клиника во конкуренција од преку 2000 клинички центри ширум светот. Признанието на клиниката го додели д-р Zhang Guang Zhao, основач и претседател на групацијата, кој е носител на највисоки државни почести и 9-тиот најбогат човек во Народна република Кина.

„Горд сум што нашата клиника ја прогласија за најуспешна меѓународна клиника на годишното собрание. Благодарение на квалитетниот бизнис план, маркетинг стратегија и организациона поставеност, нашите 101 Hair клиники во Скопје и Белград се далеку препознатливи по квалитетот на своите услуги. Поради тоа што интересот за нашите услуги ги надминува границите на овие две земји, оваа година ја отвораме и 101 Hair клиниката во Хрватска и ќе го одржиме трендот на ширење не само во соседните туку и во европските земји”, вели професор д-р Ивица Смилковски, извршен претседател на 101 клиниките во Скопје, Белград, Загреб, Љубљана и Виена.

втора слика Тимот на 101 Hair во Кина беше составен од професор д-р Смилковски, извршен претседател, како и д-р Елена Арсова, трихолог – медицински директор на 101 Hair клиниките и д-р Душица Митровиќ, кои во присуство на кинескиот политички и бизнис – естаблишмент имаа директно обраќање и презентирање на петгодишната стратегија за развој на 101 клиниките и промовирање на кинеската традиционална медицина во Европа.

„Уникатниот концепт кој го воведовме во дијагностиката и во третманот на проблемите со коса а е спој на западната современа технологија и кинеската традиционална медицина, овозможи висока ефикасност во лечењето на опаѓањето на косата. Нашиот професионален и научно базиран пристап кој ни овозможи одлични резултати во третирањето на проблематиката со коса го препознаа и нашите пациенти. Наградата за најуспешна меѓународна клиника го потврди квалитетот на нашата работа и на нашиот медицински тим, и ќе продолжиме да работиме за да 101 Hair клиниката остане водечка клиника во трихологијата” – додаде д-р Елена Арсова, трихолог и медицински директор на 101 Hair клиниките.

Извршниот претседател на 101 Hair клиниката, професор д-р Ивица Смилковски, изминатата година беше првиот Македонец кој е одликуван со м