ИСТАКНЕТЕ ЈА УБАВИНАТА НА ВАШАТА КОСА

jesi

За да ја истакнете убавината на вашата коса мора правилно да ја негувате.
Третман пред миење на косата е идеален начин да ја ревитализирате косата. Маслото ке ја расплетка косаа,ќе ја омекне, регенерира и ќе и ја врати виталноста и сјајот.

Маслото од палма на Leonor Greyl е омилениот производ за нега на косата на Jessica Alba. Комбинацијата од растителни масла меѓу кои и органското палмино масло го олеснува расплеткувањето на косата а при тоа ја негува истата.

Се нанесува по должина на косата и убаво се расчешлува за да се распореди рамномерно на секоја нишка влакното. Откако ќе се остави барем 10 минути или подбро цела вечер, се мие со адекватен шампон. Косата повторно е здрава, сјајна и полна со волумен.

Одвојте малку време за својата коса за викенд , за да имате одлична фризура цела недела.