КАКО ДА ИЗБЕРЕТЕ ПРОИЗВОДОТ ЗА РАСТ НА КОСАТА КОЈ Е ЕФИКАСЕН?

Континуирано се појавуваат нови производи кои гарантираат раст на косата.

proizvodКонтинуирано има некој нов магичен третман кој ќе ви ја врати целосно косата.
Но дали навистина е така ? Дали навистина тие ветувања се реални ?
Кога ќе слушнете за некој нов третман -единственото нешто кое е значајно се состојките и податоците кои ја поткрепуваат неговата ефикасност.

Дали овие состојки се однесуваат на хормоналната сензитивност? Дали го стимулираат растот на косата независно од тоа? Како можете да бидете сигурно во тоа?

Само по податоците.

Секогаш побарајте го составот на производите и секогаш барајте објавени студии за состојките или производот. Прегледајте научни и клиничките студии кои ја подржуваат ефикасноста на производот. Прегледајте го производителот и научниот тим кој стои зад патентот на формулата. Проверете колку долго постои брендот и дали производот го издржал тестот на времето.
И на крај, консултирајте се со стручни лица кои ќе ви помогнат во изборот на оптимален третман за вас.