КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ДЕКА НАВИСТИНА ОЌЕЛАВУВАТЕ?

КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ДЕКА НАВИСТИНА ОЌЕЛАВУВАТЕ?

Ако неочекувано поголем број на влакна, се јават при чешлање или на перница, на гардероба,тогаш секој се запрашува дали тоа зголемено опаѓање е нормално. Дали ја губите косата привремено или трајно?

Ова прашање е особено стресно за мажите кои имаат блиски роднини со ќелавост. Наследната ќелавост (андрогенетска алопеција) има генетска основа и се појавува во фамилијата. Маж кој има фамилијарна историја на губење на коса може сериозно да се загрижи околу секојдневното губење на косата кое одеднаш станало поизразено од порано.

Ако релативно голем број на влакна, над 100, опаѓаат подолго време, подолго од 2-3 месеци тогаш станува веројатно дека личноста развива видливи знаци на наследна ќелавост. Може проретчувањето на косата сеуште не е видливо, но токму ова опаѓање може да биде првата фаза од развојот на ќелавоста.

Исто така ако забележувате истенчување на косата, постепено губење на волуменот и квалитетот на косата кое трае со години, тогаш не е очекувано дека таа коса спонтано ќе се обнови.

Ако забележувате многу мали *бебешки* влакна,исто така треба да се сомневате на недоволен раст на косата поари слаба функција на коренот на влакното.

Личност во оваа позиција не треба да чека доказ за трајно губење на косата, за да побара совет и помош од професионалци. Може да имате бенефит од консултација со доктор-трихолог од 101 Hair Clinic. Докторот може да установи од кои причини опаѓа косата, дали се развива наследната ќелавост и може да препорача медицински третман за да се забави опаѓањето и да се стимулира растот уште во раните фази.