КАКО ДЕЛУВА ЛАСЕРСКАТА ТЕРАПИЈА ЗА РАСТ НА КОСА И КОЛКАВА Е НЕЈЗИНАТА ЕФИКАСНОСТ?

“Ласерската терапија за раст на косата–ЛЛЛТ(Low Level Laser Therapylaser light) е најнапреден, најефикасен и надежен нехируршки третман против опаѓање на косата , наменет и за мажи и за жени”објаснува -Dr. Bradley Kurgis, светски познат експерт за третмани на регенерација на косата и член на Американскиот Борд за траснплантација на коса (American Board of Hair Restoration Surgery).
Денес, ЛЛЛТ е најдобро разберена и најдобро објаснета од експерти како Dr. Michael Hamblin, професор по дерматологија при Универзитетот Харвард и раководител на Велман Центарот за Фотомедицина и Фотодинамика, кој објаснува: “ЛЛЛТ е безбеден, неинвазивен третман за мажи и жени кои имаат проблем со губење на косата. ЛЛЛТ технологијата е базирана на ласерки диоди кои емитираат светлинска енергија која се апсорбира во скалпот и ја стимулира работата на клетките, со што има достава на повеќе нутритиенти и кислород до фоликулите на влакнoто. Со поттикнување на клеточниот метаболизам и намалување на штетните ефeкти на ДХТ, ласерската светлина се покажало дека не само што го забавува губењето на косата, туку и промовира раст на нова коса. Со тоа ласерската технологија е едно од најдекватните решенија во борба против губењето на косата”.
Научниот термин за овој процес на поттикнување на работата не клетките е *фотобиостимулација*. Четирите најбитни ефекти од фотобиостимулацијата се: зголемување на АТП и синтезата на протеини, подобрена клеточна делба, промена во пермеабилноста на клеточната мембрана и засилена крвна циркулација како последица на дилатацијата на крвните капилари.
Dr. Michael Hamblin, од универзитетот Харвард понатаму го опишува механизмот на дејство на ласерската светлина врз растот на клетките на скалпот, во кои спаѓаат и клетките на фоликулите на влакната.
Како што ДХТ (дихидротестостерон) е агент во телото кој го блокира растот на клетките од коренот на влакното предизвикувајќи *минијатуризација* на фоликулите на влакното, така ЛЛЛТ (ласерската терапија) ги отвора патиштата до клетките, поттикнувајќи ја циркулацијата и обезбедувајќи им на клетките да апсорбираат хранливи материи и да исфрлаат токсини.

Како ласерската терапија поточно делува на растот на косата?
ЛЛЛТ се покажало во илјадници публикации дека ја подобрува функцијата на клетките, размножувањето и преживувањето на клетките. Ласерската светлина се апсорбира од страна на митохондриите во клетката, и го зголемува клеточното дишење и индуцира активација на фактори на транскрипција. На тој начин ласерската енергија обезбедува раст и репликација на клетките од коренот на влакното и го одржува растот на влакното, спротивставувајќи се на ефектите кои ги предизвикува ДХТ ЛЛЛТ делува на целиот фоликул на влакното! При користење на *ладните ласери*со точно одредена јачина препорачана од ФДА, ласерската светлина продира до ниво на главните крвни садови на коренот на влакното, и тоа е не повеќе од 6 мм. Целта на ЛЛЛТ е да се нормализира циклусот на раст на влакното! Ласерската терапија го поттикнува клеточниот метаболизам, апсорпцијата на нутритиенти и ослободувањето на токсини преку дејство на митохондриите на клетките. Митохондриите се *енергетските фабрики* на клетката, а ласерската светлина директно им предава енергија.
Одржување на адекватен режим на третмани го максимизира ефектот од ЛЛЛТ. Често споредуван со *билдање* мускули со вежбање, акумулирање енергија која се донесува на клетките може да даде продолжен и траен ефект на продукцијата на клетки во фоликулот на влакното. Во Октомври 2003 ISHRS.org (International Society of Hair Restoration Surgeons), Меѓународното друштво на хирурзи за траснплантација и реставрација на коса, поднесе до ФДА прес објава која се однесува на резултатите од клинички студии со ласерска терапија на косата. Dr. Martin Unger од Toronto ги прикажа сумираните резултати:

* 100% од мажите имаа стабилизација на опаѓањето на косата во фронт и вертекс

* 84.6% од мажите имаа раст на коса во фронталната регија.

* 82.8% од мажите имаа раст на коса во вереткс зоната;

* 87.5% од жените имаа стабилизација на опаѓањето на косата во фронт

* 100% од жените имаа стабилизација на опаѓањето на косата во вертекс

* 75% од жените имаа раст на коса во фронталната регија

* 96.4% од жените имаа раст на коса во вертекс

Во 2010, беше објавена студија која го демонстрираше следниот успех од ласерски третман на косата: 97% од субјектите имаа зголемување на број на влакна од 20%, понатаму 89% имаа зголемување од 30%, 57% зголемена густина од 50%.Заклучокот од оваа неодамнешна студија е дека правилно испланирани ЛЛЛТ третмани на коса со ласерска светлина со бранова должина од околу 650 нм, е медицински сигнификантен третман кај машка и женска ќелавост. Согласно на светските трендови, ЛЛЛТ се применува со огромен успех и во 101 Hair клиниката за проблеми со коса и скалп. Ласерската апаратура во 101 Hair линиката е пред се вистински ласер! Не е секоја црвена светлина ласерска светлина,а само ласерската светлина клинички докажано дава раст на косата! Ласеркиот апарат во 101 Hair клиниката обезбедува истовремена стимулација на целиот скалп, што обезбедува апсорпција на потребната доза на енергија од страна на сите фоликули на косата. Така за кратко време третманот дава максимален ефект. Адекватните параметри на ласерската енергија, правилно испланираниот број и распоред на третмани обезбедува не само одлични резултати туку и долгорочно задржување на постигнатите резултати.