КАКО УСПЕШНО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ПРОЛЕТНОТО ГУБЕЊЕ НА КОСАТА

PROLETNOСе смета дека недостатокот од сончева светлина во тек на зимата а последователно и намалената синтеза на витамин Д кој се покажа во последните истражувања како многу битен за косата, е причина за пролетното губење на косата. Независно дали е опаѓањето во пролет или во есен целиот процес е комплетно нормален и најчесто нема причина за преголема загриженост.

Нормално, може да опаѓаат 50 до 100 влакна секој ден. Надвор од сезонското опаѓање дневното губење на коса е околу 50 влакна, а во тек на пролет и есен може да достигне и 100 влакна на ден. Тоа е сеуште во нормалните граници иако ние забележуваме поголемо опаѓање од претходно. Како што постои нормално губење на косата така постои и нормално обновување на косата. И косата која паднала во тек на сезонското опаѓање кај најголем број лица спонтано ќе израсне повторно.

Најчестото прашање кое се поставува и кое е сосем оправдано е колку трае сезонското опаѓање. Освен бројот на влакна како параметар и времетраењето на опаѓањето е битно за да се дефинира што е нормално губење на косата. Обично сезонското губење на косата трае 4-6 недели и потоа се намалува,а косата почнува повторно да расте.

Детоксификација на телото е наједноставниот чекор, искористете го свежиот зеленчук и овошје што ги нуди пролетта. Но најбитен начин е саунирање на скалпот заради чистење на кожата од токсини,масажа на скалпот и оксигенација заради ревитализирање на структурите на кожата, и секако апликација на нутритивни тоници кои ќе ги надокнадат потребите од витамини, минерали и аминокиселини на косата кои се изгубиле во текот на зимата.

И секако, не заборавајте да го искористите и целиот спектар на сончевата светлина, шетајќи на убавото пролетно сонце и ревитализирајќи го целото тело ! Меѓутоа, ако забележите дека косата бавно се обновува тогаш не треба да чекате спонтано да се реши проблемот. Обратете се кај стручни лица кои ќе го препознаат проблемот и ќе Ви дадат насоки како да го поттикнете обновувањето на косата.