КАПИНИТЕ ЈА СПРЕЧУВААТ НАСЛЕДНАТА ЌЕЛАВОСТ

kapiniАко веќе јадевте капини, тогаш експертите за коса кажуваат дека ја намалувате веројатноста да имате проблем со наследна ќелавост.
Според новата студија, одредени витамини и биофлавоноиди можат да ја зајакнат функционалноста и здравјето на фоликулите на влакното и да обезбедат раст на квалитетна и убава коса која ќе трае до зрели години.
Идејата, дека супер антиоксидативна храна може да е клучна во превенција на опаѓањето на косата, доаѓа од водечки истражувачки институции во Англија.

Центарот за кожни истражувања на Универзитетот Queen Mary’s University во Лондон, заедно со Медицинскиот центар Farjo и Unilever R&D, ги објавија наодите во абстрактот Оксидативен стрес и клеточно стареење кај алопеција андрогенетика.

Капините имаат највисока содржина на антиоксиданси дури 5.7 µmol по порција. Овој антиоксидативен капацитет се препишува на витаминот Ц, Е и други фитонутритиенти како антоцијанини и други феноли. Капините помагаат во заштита на телото од слободните радикали. Чистењето од слободни радикали е суштинско за здравјето на виталните органи и косата.