Клиничка студија – Диоден ласер

Professor Andre Mester (1964)

Во 1964, професор Андре Местер во Будимпешта, Унгарија започнал експерименти со примена на ниско енергетска ласерска терапија. Тој забележал дека експозицијата на нискоенергетска ласерска енергија има стимулативен ефект на биолошкиот систем, додека високоенергетската ласерска енергија има инхибиторен ефект. Во неговиот експеримент со терапија на рани на глувци, забележал брзо заздравување на раните поради засилената крвна микроциркулација. Ова брзо заздравување исто така било очигледно и кај дистрофичните рани кај дијабетичари. Проф.Местер бил импресиониран од фактот дека заздравуваат рани кои претходно не можеле да заздрават. Но, другото интересно забележување бил забрзан раст и згуснување на влакната во третираната зона. Оваа теорија за дејството на ласерската енергија на растот на косата еволуирала и се развила во една од најпопуларните и широкораспространети неинвазивни терапии против опаѓање на косата.

Истражувачот на ефектите од ласерската енергија д-р Лазтон Њригхт изјавува: …Ласерската терапија за коса ја зголемува микроциркулацијата на ниво на фоликулот на влакното што обезбедува нутритиените и кислородот подобро да стигнат и да се ресорбираат во фоликулот што последователно го стимулира природниот циклиус на раст на влакното.

Dr. Trelles (1984)

Во 1984 д-р Треллес во своите испитувања докажа добра реакција на пациентите со алопеција ареата кои се третирани со ласер со бранова должина 632.8нм. Д-р Треллес објави дека најголем број од пациентите со алопеција ареата реагираа многу добро и тоа само после 6-8 третмани применети во тек на неколку недели по два пати неделно. Во истата студија со микроскопска евалуација на структурата на влакната од третираната зона беше покажана јасна и квалитетна медула на влакното богата со кератин. Меѓутоа, секојдневните третмани со ласер се покажа дека го стопираат повторниот раст предизвикувајќи иритација на скалпот и веројатно зголемено губење на косата.

Japan Laser Therapy Association (1992)

На 4-тиот годишен состанок на Japan Laser Therapy Association во 1992, беше објавен успех во ласерскиот третман кај различни форми на опаѓање на косата кај мажи и жени и кај алопеција ареата. Успехот беше демонстриран не само со зголемување на растот на косата туку и зголемување на густината на косата. Само еден случај од 40 имаше неуспех.

Laser Conference, Helsinki Finland (1993)

На Laser Conference, Хелсинки, Финска во 1993 беше презентирана студија која го покажува ефектот на ЛЛЛТ-ниско енергетска ласерска енергија на алопеција андрогенетика, машкиот тип на опаѓање на косата.

double-blind компаративната студија со плацебо ласер за третман на наследна алопеција андрогенетика кај млади мажи ги објави позитивните ефекти на ЛЛЛТ третманите како на растот на косата, така и на стопирањето на губењето на косата и подобрување на цврстината на стеблото на влакното. На Ласер Конференцијата во Хелсинки беа претставени истражувачките резултати кои го демонстрираа ефектот на ЛЛЛТ споредбено со плацебо групата. Беше покажан сигнификантно зголемен повторен раст на косата кај ласер групата. Дополнително сите пациенти, освен еден, од ласер групата имаа комплетно стопирање на опаѓањето на косата. Сите пациенти, освен 3, имаа очигледен раст на косата со подобрување на густината на косата. Добиената густина на косата после третманот ги врати назад за најмалку еден стадиум во Хамилтон класификацијата на стадиумите на опаѓање на косата. Бројот на фоликули пред и после третманот е ист иако е забележан голем број на нови фоликули со јасно видлив раст на влакно. 50% од фоликулите влегуваат во анагена фаза на раст после третманот. На хистолошки преглед се забележува премин во анагена фаза кај 83% од пациентите од ласер групата, а никаква промена кај плацебо групата. Од 18 пациенти, кај 14 е забележано зацврстување на влакното, а кај 18 имаше подобрување во квалитетот на стеблото на влакното мерен со тест на истегнување. Резултатите не покажаа никакво подобрување кај плацебо групата.

Prof. Pekka J. Pöntinen (1996)

Professor Pöntinen е еден од пионерите на ЛЛЛТ во Скандинавија преку теоретски и практични студии за начините на примена на ласерите во третманот на хронични мускулоскелетни и миофасцијална болка и дисфункција, васкуларни пореметувања и третмани на улцер итн. Prof. Pekka J. Pöntinen ги постулираше и бенефитите од Laser Hair Care® на скалпот и циркулацијата и ги објави своите резултати во 1996. Ефектите на ласерите за коса на крвната циркулација беа мерени со три различни апарати за да се потврди ефектот на ласерот врз циркулацијата на скалпот. Кај ласерски третираните пациенти циркулацијата беше зголемена за 54%, додека кај плацебо групата циркулацијата ослабна за 36%. Температурата на кожата мерена пред и после покажа мала промена.

European Studies (1997)

Во 1997 Европска група на научници ја објави својата работа за ефектите на ЛЛЛТ во третманот на алопеција на скалпот. Авторите пробаа да ја верификуваат ефикасноста на нискоенергетската ласерска енергија кај различни форми на алопеција. 60 пациенти беа поделени во две групи : А) ласерска група, 33 пациенти третирани истовремено со класична и ласерска терaпија, Б) контролна група, 27 пациенти третирани само со класична терапија. Пред, во тек и на крај на третманот беа анализирани хистолошки примероци. Кај А групата резултатите беа супериорни и добиени за два пати пократко време отколку кај првата група. Задржувањето на добрите резултати бараше користење на класична терапија подолго време.

Нивните наоди покажуваат дека ЛЛЛТ терапијата е корисен и ефективен комплементарен третман за алопеција.
Истата Европска група на научници ги објави нивните наоди за примена на ЛЛЛТ во третман на разни форми на алопеција во 1998. Испитуваа ласерска и контролна група на пациенти. Кај ласерски третираните групи со алопеција резултатите беа супериорни и добени за два до три пати пократко време отколку кај контролната група. Заклучокот е дека ЛЛЛТ е корисен комплементарен метод за третман на алопеција на скалпот.

1 (2)
2 (2)
3 (1)
4 (2)
5 (2)
8
6 (1)
7 (1)