КЛИНИЧКА СТУДИЈА – VEGF

Клиничка студија – VEGF

Хипотези на студијата:

Во полето на истражувања за косата, VEGF (Vascular EndothelialGrowth Factor) Васкуларен Ендотелијален Фактор на раст е идентификуван како клучен медијатор за растот на косата.

Може да влијае на сите фази на раст на влакното, од пролиферација на клетките и миграција преку ангиогенеза се до превенција на апоптоза. Се претпоставува дека цитокините, особено VEGF, може да го засилат растот на косата и да го продолжат животниот век на влакното, намалувајќи го губењето на косата. Во таков случај VEGF факторот за раст на коса може да ги замени веќе познатите третмани како миноксидилот, без да ги манифестира негативни нус ефекти на миноксидилот. Исто така се претпоставува дека VEGF може да ја подобри реакцијата на миноксидилот кога се користат двата производи во комбинација.

1 (1)

Експериментални методи:

За да се тестираат овие хипотези, беше спроведен експеримент за компарација на ефектите на Nanogen VEGF серумот со ефектите на 5% миноксидил, преку екс-виво модел со користење на човечка коса.

Целите на оваа студија се да се измери и компарира:

  • степенот на раст на косата после топична апликација на Nanogen фактори за раст и миноксидил
  • степенот на преживување на влакното после топична апликација на Nanogen фактори за раст и миноксидил
  • ефектите од комбинација на Nanogen факторите за раст на коса и миноксидил

Bio-EC независна лабораторија за клинички тестирања во Франција, беше упатена да спроведе студија за да се проучат ефектите на Nanogen факторите за раст споредбено со миноксидил, како позитивна контрола. Студијата користи независни техники на мерење и е *слепа* студија бидејќи не се означени шишенцата со факторите за раст и миноксидил.

Тестирани производи:

2 (1)

Подготовка:

Беа земени од човечки донор и микро дисектирани 80 индивидуални влакна со нивните булбуси. Секое влакно беше пресечено на околу 1 мм од инфундибулумот.

2

Скрининг:

Влакнaта беа чувани во класични услови за преживување на култури од клетки (Philpott медиум, а 37°C во 5% CO2 атмосфера). Влакната беа мерени на 4-тиот ден после микро дисекцијата. Оние влакна кои покажаа здрав тотален раст од 54 до 1641 микрометри беа селектирани и распоредени во групи од 7 за тестирање на производите.

3
4 (1)

Третман и примероци:

После скрининг, медиумот на културата беше обновуван на ден 0, 2, 4, 7 и 8. Новиот раствор за третман беше додаван во тие временси интервали. Примероците коса беа земани и мерени на ден 0, 4, 8 и 11. Растот на коса се следeше на секое влакно индивидуално.

Мерења:

Должината на секое поеднинечно влакно беше мерено од булбусот до врвот на влакното со користење на софтверот Olympus Cell.

Резултати:

Nanogen факторите за раст се сигнификантно поефективни во стимулацијата на растот на косата во споредба со миноксидилот. Растот на косата беше за 237 % побрз од групата со фактори за раст во споредба со контролната миноксидил група. Студент тестот покажа сигнификантна разлика меѓу двете третирани групи ( p-вредност = 0.04 )

На крајот од циклусот на раст на влакното, пред да падне влакното, може да се јави некроза (смрт) на некои клетки од булбусот на влакното. Како последица на тоа се јавува мала редукција во должината на влакното.Третманот со Nanogen VEGF фактори за раст обезбеди влакната да продолжат да растат со здрав степен на раст.

Споредбено, со монотерапија со миноксидил, должината на влакното почнува да опаѓа од 9-тиот ден, што е индикатор на некроза на влакното уште пред да почне паѓањето на влакното.

Ова покажува дека Nanogen VEGF факторите за раст го продолжија животот на влакното неколкукратно поефективно отколку миноксидилот.

4
5 (1)

После овие резултати тестот беше повторен за да се спореди ефектот на комбинацијата од Nanogen факторите за раст заедно со миноксидил.133% поголем раст на коса беше забележан со комбинираниот отколку со самостојниот третман со миноксидил.

Студент тестот покажа статистички сигнификантна разлика во степенот на раст на коса помеѓу двете групи на третман (p-вредност = 0.007). Комплементарниот ефект од Nanogen факторите за раст на ефектот од миноксидилот е очигледен. Меѓутоа, комбинацијата не го зголеми преживувањето на влакното. Нема теоретска база за интеракцијата на овие два третмани, поради што тоа може да се должи на помалиот број на примероци во вториот тест или зголемено растворање на Philpott медиумот поради додавање на два раствори за третман.

ЗАКЛУЧОК:

Може да се заклучи дека

– третманот со Nanogen факторите за раст може сигнификантно да го зголеми растот на коса, до 237% повеќе откоклу миноксидилот

– третманот со Nanogen факторите за раст го продолжува животот на влакната, и поради тоа го превенира и редуцира губењето на косата

– Nanogen факторите за раст во комбиација со миноксидил сигнификантно го зголемуваат растот на косата до 133% повеќе отколку само миноксидилот.

Додаток:

Селектирани микроскопски слики од биопсија на коса, во различни фази на експериментот

6
7
8