КОНЗУМИРАЈТЕ ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ ЗА ЗДРАВА КОСА

Бадемите , бразилските ореви, лешниците, индиските оревчиња, ф’стаците и оревите, кoreviако и низа други јаткасти плодови ви обезбедуваат фантастична коса, здрав скалп и други бенефити за вашата убавина. Редовното , секојдневно конзумирање на јаткасти плодови богати со нутритиенти придонесува и здравјето и сјајот на вашата коса и скалп. Јаткастите плодови изобилуваат со незаситени масни киселини и голем број на други здрави состојки за косата. Тие нудат многу хранливи состојки спакувани во мало пакување. Едноставни се за конзумирање, чување и носење со себе како ужинка. Едноставно можете секаде да ги носите , во ташна, ранец или актовка. Одредени јатки содржат повеќе масти и нутритиенти здрави за косата и скалпот отколку другите.

Јадење на јаткасти плодови за здрава коса- како тие и помагаат на косата?

Кои хранливи материи здрави за косата и скалпот ги содржат јаткастите плодови ? Тие содржат висока концентрација на здрави протеини за косата кои заедно со селенот и омега 3 масните киселини кои го подобруваат и здравјето на скалпот. Според американското министерство за земјоделство, една шоља индиски оревчиња содржи 19.05 гр. протеини и 2,549.6 мг селен. Сите јаткасти плодови содржат по некоја од овие супстанции кои придонесуваат за здравјето на косата.

Л-аргинин

Јаткастите плодови се одличен извор на л-аргинин , аминокиселина која често и топично се аплицира за третирање на машкиот наследен тип на ќелавеење и за стимулирање на растот на здрава коса. Л-аргининот исто така ја подобрува еластичноста на крвните садови и го намалува ризикот од создавање на крвни згрутчувања кои може да го блокираат нормалниот проток на крвта. Добрата циркулација во телото и на самиот скалп, кај коренот на влакното е пресудна за растот на здрава коса и здравјето на кожата на скалпот .
Јатки богати со л-аргинин се лешниците, оревите, индиското оревче и лешниците. Л-аргинин има и во пченични р’кулци, овес, кикиритки, леќата, семки од сончоглед, соини зрна, кокос, сусам , семки од тиква и леблебија.

Омега-3 масни киселини – Ореви, тиква и индиско оревче

Многу јатки се богати со омега-3 масни киселини. Омега-3 се здрава форма на масни киселини кои помагаат за одржување на косата. Ги има во многу видови на риба, но јатките се едни од најдобрите растителни извори на омега-3 масни киселини.
FDA (американското биро за храна и лекови) препорачува до 3 гр. омега-3 масни киселни на ден, потреби кои лесно можат да бидат задоволени со јаткасти плодови. ¼ шоља ореви обезбедува 2,5 гр. од есенцијалните масни киселини. Заедно со омега-3 оревите содржат и елагична киселина. Елагичната киселина има антибактериски и антивирусни својства и се верува дека има антиканцерогени својства. Семките од тиква исто се богати со омега-3 масни киселини. 28 гр. семки од тиква содржат 2,44 гр. омега-3 масни киселини. Бразилските ореви, лешниците и кикиритките содржат помали количина на омега-3.

Витамин Е

Витаминот Е е еден од најважните витамини кои го помагаат одржувањето на здравјето на организмот и изгледот на косата. Дефициенција на вит. Е може да води кон истенчување на косата која потоа е лесно кршлива и опаѓа.
Со вклучувањето на соодветни нивоа на вит. Е во секојдневната исхрана ќе му обезбедите на скалпот и на коренот на влакното одлична достава од овој здрав витамин за косата . Кога до фоликулот и скалпот стигнуваат доволни концентрации на вит. Е косата расте со својот максимален потенцијал. Бадемите и боровите јатки се одличен извор на витамин Е. Бадемите обезбедуваат 26.2 мг. витамин Е во 100 гр. или 37.5 мг во една шоља,1 бадем содржи 0.3 мг вит. Е. Боровите јатки обезбедуваат 9.3 мг витамин Е во 100 гр. , 12.6 мг во една шоља односно 0.2 мг во 10 јатки. Иако не претставува јаткаст плод, вреди да се спомне и сончогледовото семе кое содржи 36.6 мг витамин Е во 100 грама.

И покрај тоа што јаткастите плодови се добри за здравјето на косата, тие содржат и масти. Да, тоа се здрави масти, но како и останатите масти исто така и се доста калорични. Јаткастите плодови се инзворедна замена за нездравите заситени масти. Сепак, избегнувајте прејадување со овие производи здрави за косата. Тие секогаш се конзумираат во умерени количини и како замена за месо, јајца и млечни производи.

Наместо да јадете заситени масти, кои не се добри за вашето здравје, обидете се да ги замените со дланка полна јатки. Тоа е доволна количина која ќе делува благотворно на целокупното здравје. Исто така е одлично и за здравјето на вашата коса.