КРЕИРАЈТЕ ПРЕУБАВИ БРАНОВИ НА КОСАТА ВО СТИЛОТ НА 70-ТИТЕ

Olivia Munn воодушеви на црвениот тепих, на премиерата на нејзиниот нов филм, Mortdecai. Сти70листот на познатите Christian Marc ги креираше нејзините прекрасни кадрици. “ Инспирацијата за стилот на фризурата се гламурозните, средни 70-тите години – висока мода”.

Можете лесно да ги креирате брановите на косата во стилот на 70-тите ако ги следите препораките на Christian Marc.Нанесете пена за волумен Mousse au Lotus на Leonor Greyl од корен до врвови на косата. Кога косата е сува со пегла за виткање почнете да ги обликувате кадриците. Ако сакате да бидете сигурни дека има доволно волумен нанесете лак за волумен Voluforme пред виткањето. Eclat Naturel на краевите на косата дава текстура. А после расчешлувањето на косата со врвот на четката со природни влакна повторно нанесете спреј за волумен што дава опуштен изглед на фризурата.