ЛАСЕРСКАТА БИОСТИМУЛАЦИЈА Е ВИСТИНСКИ *ЛЕК* ЗА ОСЛАБЕНИТЕ ВЛАКНЕНИ ФОЛИКУЛИ

ЛАСЕРСКАТА БИОСТИМУЛАЦИЈА Е ВИСТИНСКИ *ЛЕК* ЗА ОСЛАБЕНИТЕ ВЛАКНЕНИ ФОЛИКУЛИ

Најчестите форми на опаѓање на косата се андрогенетска алопеција, телоген/анаген ефлувиум и алопеција ареата. Секоја од овие форми има специфични знаци и симптоми, по кои е препознатлива. Но, многу често овие форми на опаѓање може да се надоврзат една на друга, па симптомите да бидат комбинирани, а степенот на опаѓање на косата драматичен.

Опаѓање од околу 150-200 влакна е вообичаен знак на телоген ефлувиум. На веќе постоечко проретчување на косата поради андрогенетска алопеција, ваква епизода на опаѓање може да остави големи последици.
Неопходно е први да се стабилизира опаѓањето и да се зачува постоечката коса. Со 101 терапија после 4-6 недели, се нормализира губењето на косата. Но последиците од тој бран на опаѓање, се забележително проретчување на косата.

Следната фаза е стимулација на растот на косата. Фоликули кои се погодени од наследното опаѓање на косата имаат намалена функција, па дополнителното опаѓање уште повеќе ја влошува нивната функција.
Ласерската биостимулација е магичен третман за телогеното губење на косата. За само еден месец од комбинирана 101 терапија и ласерска биостумулација растото на косата почнува. Но потребна е цела серија третмани зада се постигнат резултати.

После 6 месеци од почетокот на терапијата, косата веќе се подобрува и полека ја добива поранешната густина. Терапијата продолжува до комлетен резултат.