ЛАСЕРСКАТА БИОСТИМУЛАЦИЈА Е НЕЗАМЕНЛИВ ТРЕТМАН ЗА РАСТ НА КОСА КАЈ ЖЕНИ

ЛАСЕРСКАТА БИОСТИМУЛАЦИЈА Е НЕЗАМЕНЛИВ ТРЕТМАН ЗА РАСТ НА КОСА КАЈ ЖЕНИ

Нормалниот циклус на раст на влакното трае 3-5 години, и поминува низ три фази, фаза на раст, фаза на мирување и фаза на опаѓање. Во нормални услови кога влакното ќеиспадне, веднаш се заменува со ново што обезбедува одржување на нормалната густина на косата.

Но понекогаш, доаѓа до пореметување на овој циклус. Поголем процент од косата влегува во фаза на опаѓање што се манифестира со опаѓање на косата, кое и не е така драматично па често останува незабележано. Најзначајно е што тоа опаѓање не е проследено со соодветен раст на косата. Фоликулот едноставно не преминува во фаза на раст и формирање на влакно. Фоликулот може да кажеме дека е *заспан*. Како што поминуваат месеците па и годините косата се проретчува како резултат на недоволен раст на косата .

Кај хроничното опаѓање на косата, неопходон е интензивен третман за да се нормализира циклусот на раст и да се поттикне фоликулот да влезе повотроно во фаза на создавање на влакно.
Освен 101 терапија која е основа на секој третман, ласерската биостимулација е незаменлива за оптимален раст на косата кај хроничниот ефлувиум. Ласерската биостимулација им дава енергија на *заспаните* фоликули и ги поттикнува да работат и да формираат влакно. Енергетската стимулација обезбедува повторна продукција на влакно и враќање на густината на косата.

Уште на првите промени во густината на косата, реагирајте за да не останат трајни последици по густината на косата.