ЛАСЕРСКА БИОСТИМУЛАЦИЈА Е НАЈДОБАР НЕИНВАЗИВЕН ТРЕТМАН ЗА РАСТ НА КОСАТА

ЛАСЕРСКА БИОСТИМУЛАЦИЈА Е НАЈДОБАР НЕИНВАЗИВЕН ТРЕТМАН ЗА РАСТ НА КОСАТА

Андрогенетска алопеција е најчеста форма на губење на косата кај мажи и кај жени. Се манифестира по различни обрасци, а вообичаено се формираат залистоци па се проретчува темениот дел. Но кај некои случаи, почнува прво од темениот дел.

Пациентот се јавува поради опаѓање на косата кое е поинтензивно во последните неколку месеци, иако трае околу година дена. Косата интензивно се проретчила во темениот дел.
Дермоскопијата покажува многу поединечни и истенчени влакна а скалпот е масен со перут. Докторката-трихолог препорача првин третман против перут за да се исчисти скалпот и да може да продолжи пациентот со терапија.

Опаѓањето се нормализира после 3 месеци терапија со тоници. За подобра стимулација на раст почнавме со дополнителна ласерска биостимулација. Реакцијата на ласерската биостимулација беше одлична со раст на многу нови влакна и зајакнување на квалитетот и дебелината на постоечките. Постигнат е комплетен раст на косата со идеална густина.