ЛАСЕРСКА ТЕРАПИЈА

mezoterapija-pocetna

 

Ласерската терапија за раст на косата–ЛЛЛТ (Low Level Laser Therapy) е најнапреден, најефикасен и надежен нехируршки третман против опаѓање на косата, наменет за мажи и за жени.

ЛЛЛТ се покажало во илјадници публикации дека ја подобрува функцијата на клетките, размножувањето и преживувањето на клетките. Ласерската светлина се апсорбира од страна на митохондриите во клетката, и го зголемува клеточното дишење и индуцира активација на фактори на транскрипција. На тој начин ласерската енергија обезбедува раст и репликација на клетките од коренот на влакното и го одржува растот на влакното, спротивставувајќи се на ефектите кои ги предизвикува ДХТ (дихидротестостерон).

ЛЛЛТ делува на целиот фоликул на влакното! При користење на *ладните ласери* со точно одредена јачина препорачана од FDA (Американско биро за контрола на храна и лекови), ласерската светлина продира до ниво на главните крвни садови на коренот на влакното, а тоа е не повеќе од 6 мм.
Целта на ЛЛЛТ е да се нормализира циклусот на раст на влакното! Ласерската терапија го поттикнува клеточниот метаболизам, апсорпцијата на нутритиенти и ослободувањето на токсини преку дејство на митохондриите на клетките. Митохондриите се *енергетските фабрики* на клетката, а ласерската светлина директно им предава енергија.

Одржување на адекватен режим на третмани го максимизира ефектот од ЛЛЛТ. Често споредуван со *билдање* мускули со вежбање, акумулирање енергија која се донесува на клетките може да даде продолжен и траен ефект на продукцијата на клетки во фоликулот на влакното.

Во октомври 2003 ISHRS.org (International Society of Hair Restoration Surgeons), Меѓународното друштво на хирурзи за трансплантација и реставрација на коса, поднесе до FDA прес објава која се однесува на резултатите од клинички студии со ласерска терапија на косата. Dr. Martin Unger од Toronto ги прикажа сумираните резултати:

– 100% од мажите имаа стабилизација на опаѓањето на косата во фронт и вертекс

– 84.6% од мажите имаа раст на коса во фронталната регија

– 82.8% од мажите имаа раст на коса во вертекс зоната (теме)

– 87.5% од жените имаа стабилизација на опаѓањето на косата во фронт

– 100% од жените имаа стабилизација на опаѓањето на косата во вертекс

– 75% од жените имаа раст на коса во фронталната регија

– 96.4% од жените имаа раст на коса во вертекс

Во 2010, беше објавена студија која го демонстрираше следниот успех од ласерски третман на косата: 97% од субјектите имаа зголемување на број на влакна од 20%, понатаму 89% имаа зголемување од 30%, 57% зголемена густина од 50%. Заклучокот од оваа неодамнешна студија е дека правилно испланирани ЛЛЛТ третмани на коса со ласерска светлина со бранова должина од околу 650 нм, е медицински сигнификантен третман кај машка и женска ќелавост.

Согласно на светските трендови, ЛЛЛТ се применува со огромен успех и во 101 HAIR CLINIC клиниката за коса. Ласерската апаратура во 101 HAIR CLINIC е вистински ласер! Не е секоја црвена светлина ласерска светлина, а само ласерската светлина клинички докажано дава раст на косата! Ласерскиот апарат во 101 HAIR CLINIC обезбедува истовремена стимулација на целиот скалп , што обезбедува апсорпција на потребната доза на енергија од страна на сите фоликули на косата. Така за кратко време ласерскиот третман дава максимален ефект. Адекватните параметри на ласерската енергија, правилно испланираниот број и распоред на третмани, соодветниот протокол на третманите обезбедува не само одлични резултати туку и долгорочно задржување на постигнатите резултати.