ЛЕКОВИТЕ И ОПАЃАЊЕТО НА КОСАТА

lekovi

Медикаментите се наменети за лекување на различни здравствени состојби, но понекогаш може да имаат несакани ефекти. Одредени лекови може да придонесат кон поголема влакнетост, промена на бојата и квалитетот на косата, и дури опаѓање на косата. Опаѓањето на косата предизвикано од лекови, како и секој останат тип на опаѓање на косата, може да има негативен ефект врз вашата самодоверба. Добра вест е дека во повеќето случаи, опаѓањето се стабилизира штом ќе престанете да го земате лекот.

КАКО ЛЕКОВИТЕ ПРЕДИЗВИКУВААТ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА?
Лековите предизвикуваат опаѓање на косата преку нарушување на нормалниот циклус на растот на влакното. За време на анагената фаза, која трае од 3 до 4 години, косата расте. За време на телогената фаза, која трае околу 3 месеци, косата мирува. На крајот на телогената фаза, влакното паѓа и се заменува со ново.

Лековите можат да доведат до два типа на опаѓање : телоген ефлувиум и анаген ефлувиум.

Телоген ефлувиум е најчестата форма на опаѓање на косата предизвикано од лекови. Најчесто се појавува 2 – 4 месеци откако ќе почне да се зема лекот. Оваа состојба предизвикува фоликулите на влакното да преминат нагло од фаза на раст во фаза на мирување (телогена) и да отпаднат прерано. На луѓето со телоген ефлувиум им паѓаат помеѓу 100 и 150 влакна на ден.
е опаѓање на косата кое се случува за време на анагената фаза од циклусот на влакното, кога косата активно расте. Ги спречува клетките кои го создаваат влакното нормално да се делат. Овој тип на опаѓање на косата најчесто се појавува неколку денови до неколку недели по земањето на лековите. Најчесто е кај луѓе кои се на хемотерапија и кај нив опаѓањето е сериозно, губат поголем дел од косата, исто така и трепките, веќите и влакната по телото.

Интензитетот и сериозноста на опаѓањето на косата зависи од видот на лекот и дозата, како и од вашата осетливост.
Се мисли дека повеќе видови на лекови предизвикуваат опаѓање на косата, вклучувајќи ги и :
Лекови за акни кои содржат витамин А (ретиноиди), антибиотици и антифунгални лекови, антидепресиви, контрацептиви, антикоагулациони лекови, лекови за намалување на холестеролот, антиколвузиви (лекови за епилепсија), лекови за висок притисок (анти-хипертензиви), како бета блокатори, АЦЕ инхибитори и диуретици, имуносупресиви, хормонална терапија , нестероидни анти-инфламаторни лекови (НСАИД), лекови за Паркинсонова болест, стероиди лекови за тироидеа, таблети за слабеење .

Доколу примате некои од овие лекови и опаѓањето на косата е поинтензивно би требало да се обратите за совет.