ЛИХЕН ПЛАНОПИЛАРИС

Лихен планопиларис се јавува обично кај возрасни жени од 30-60 години иако и мажи не се исклучени. Се јавува почесто кај припадници на белата раса. До 50% од лицата имаат и други наоди на лихен на нокти, кожа и орална мукоза. Најчесто се јавуваат неколку фокуси на опаѓање на коса, неправилно обликувани, расфрлани по скалпот, без некој терк. Етиологијата е непозната но се претпоставува дека ЛПП е автоимуно пореметување кај кое Т-лимфоцитите ги напаѓаат и уништуваат кератиноцитите кои имаат експресија на некои најпознати таргетни антигени. Тригер факторите може да бидат фармаколошки агенти или инфективни агенти.
Манифестацијата е најчесто само на скалпот, иако може да е афектирана кожата било каде, усните и гениталиите. Чешање, болка и сензација на печење се прилично изразени. Болеста може да биде мултифокална или дифузна, често со почеток на централниот дел од скалпот. Фоликулите се покриени цврсто со бели лушпи и еритем и губењето на косата не мора да е евидентно во оваа фаза. Како што состојбата напредува губењето на косата станува повпечатливо и остава полиња со атрофија на фоликулите. Секое опаѓање на косата може да се смета за перманентно. Текот на болеста е обично бавен и е добро камуфлиран од останатата коса. Но во некои случаи, поагресивен тек може да резултира со интензивно губење на косата за само неколку месеци. Оваа состојба има големи психолошки последици кај афектираните лица.Терапевтскиот менаџмент е голем предизвик, бидејќи релапсите се чести после локални и системски третмани. Понатамошни истражувања се потребни за патогенезата и неопходни се научни евалуации на резултатите од контролираните испитувања на постоечките третмани.

about
about

Фронтална фиброзирачка алопеција е од неодамна препознаена форма на примарна цикатрициелна алопеција која базирано на клинички и хистопатолошки наоди се смета за еден тип на лихен планопиларис. Оваа состојба најчесто се јавува кај жени во постменопауза, но нема конекција со хормонлниот статус ниту пак со користење на заменска хормонска терапија. Дури, се регистрирани неколку случаи кај жени во предменопауза и кај мажи. ФФА се манифестира со впечатлива рецесија, повлекување на фронталната и фронтотемпоралната линија на косата. Афектираната кожа покажува знаци на атрофија, и е бледа и сјајна спротивно на хронично изложената на сонце кожа на челото. Длабочината на рецесијата може да варира од неколку до повеќе сантиметри. Губење на делови или на целите веѓи е карактеристика која често се среќава. Се појавуваат зони на атрофија и на други места на скалпот.
Graham-Little syndrome се смета за тип на лихем планопиларис, но некои дебатираат дека е посебен ентитет. Оваа невообичаена состојба кај возрасни се манифестира со тијада од цикатрициелно губење на коса, нецикатрициелна алопециа на пазуви и пубична зона и фоликуларни папули на тело и екстремитети.