ЛУКОТ ДОКАЖАНО ПОМАГА ВО РАСТОТ НА КОСАТА

Лукот содржи многу нутритиенти значајни за косата и целокупното здравје, според Националниот Интитут за рак во САД.

luk
А дека лукот помага во борбата против опаѓањето на косата , потврди студијата објавена во јануарскиот број на “Indian Journal of Dermatology, Venerology and Leprology” во 2007. Заклучокот од студијата е дека лукот сигнификантно помага во подобрување на растот на косата. Можеби затоа растворот со лук е толку популарен во народната медицина.

Но и исхраната во која е вклучен лукот има влијание на здравјето на косата.
Лукот има многу нутритивни компоненти од кои косата има бенефит, меѓу кои и сулфурот. Сулфурот е составен дел на многу протеини вклучително и кератинот, протеинот од кој е изградена косата.
Селенот во лукот заедно со витаминот Е го подобруваат здравјето на косата. Селенот ја зголемува способноста на телото да го искористи витаминот Е. А витаминот е ги уништува слободните радикали кои ги оштетуваат мембраните на клетките. Личностите чиј организам нема способност да го искористи витаминот Е или имаат недостаток од витамин Е често ја губат косата или имаат сува и безживотна коса.
Лукот е добар извор на витамин Ц, Б6 и Б1 кои се неопходни за квалитетна коса. Витаминот Ц го штити влакното од кршење и помага во формирањето колаген. Недостаток пак од витамин Б6 може да води кон опаѓање на косата а Б1 помага на циркулацијата на крвта и метаболизмот на клетките.
Минералите во лукот исто така помагаат на косата. Бакарот помага во растот на косата и исто така спречува неправилен раст. Железото помага во растот и одржувањето на косата. Манганот помага организмот да искористи други нутритиенти значајни за косата.
И 101 производите кои се препорачуваат во нашите 101 Hair клиники содржат лук и ги искористуваат неговите позитивни ефекти на косата.