Масна коса

Себореја е медицински термин кој дефинира екцесивна, зголемена продукција на себум. Дефиницијата има и една корекција. *Екцесивна* варира зависно од годините и полот на лицето. Имено продукцијата на себум е под влијание на полот, годините и хормоналната состојба. Себумот е масна супстанца која се лачи од лојните жлезди. Мастите на кожата на телото и секако на скалпот имаат заштитна улога оневозможувајќи губење на влажноста на кожата и спречувајќи го сушењето на кожата, донесуваат и антиоксиданси кои ја подмладуваат и негуваат кожата. Исто така заедно со водената компонента на кожата формираат хидролипидна бариера која има заштитна функција од потенцијалните микроорганзими. Иако е неопходен, продуциран во поголема количина предизвикува проблеми на кожата и косата.

             24-Best-Home-Remedies-For-Oily-Greasy-Hair

Кожата може да е генетски предиспонирана да создава повеќе себум, односно кожата има повеќе лојни жлезди. Продукцијата на себум е доминантно контролирана од хормоните, а андрогените (машки) хормони имаат централна улога во развојoт на себорејата и кај мажи и кај жени. Кај мажи продукцијата на себум е најголема околу 20-тата година и потоа постепено се намалува. Но секогаш останува повисока отколку кај жените. Продукцијата на себум пак кај жените се намалува после менопауза. Но, хормонални дисбаланси исто така може да се одразат и на мастењето на косата, како полицистичен оваријален синдром.

Главниот симптом асоциран со себорејата е интензивно мастење на скалпот и косата. Масниот скалп и коса се непријатни на изглед и тешки за обликување. Мастењето бара почесто миење на косата што понекогаш води до влошување на мастењето, ако е неадекватен шампонот. Шампоните кои содржат силикони, парабени, сулфати дополнително имаат ефект на запушување на порите на влакното и го влошуваат мастењето затоа што го оневозможуваат нормалното исфрлување на маснотиите преку порите. Масната коса од друга страна е особено непријатна *приказна* за жените, иако е само последица на масен тип на кожа на скалпот. Масна, безживотна коса без сјај и еластичност, без волумен и свежина навистина знае да Ви го расипе доброто утринско расположение! И да ве натера да ја миете секое утро!